5 кратки приказни

Душата не учи, таа само се сеќава на она што одамна знае

Еднаш баба ми ми даде совет: ‘Ако ти е тешко, оди со мали чекори. Работи тоа што мораш, малку по малку. Не гледај во иднината. Не размислувај ниту за тоа што ќе се случи утре. Изми ги садовите. Избриши прашина. Напиши писмо. Свари супа. Гледаш? Ти одиш со мали чекори. Направи чекор, застани, пофали се себе. Потоа другиот. После него трет. Нема да забележиш како твоите чекори ќе станат подолги. Ќе дојде време кога ќе можеш да мислиш за утрешниот ден без солзи.

Елена Михалкова

За мудроста на живеењето

Еден ученик го праша својот Суфи- учител:

-Учителе, што ќе кажеш ако дознаеш за мојот пад?

-Стани!

-А следниот пат?

– Повторно, стани!

– И колку тоа може да се продолжи – тоа паѓање и станување?

Паѓаш и стануваш додека си жив! Бидејќи оние кои паднаа и не станаа се мртви.

Извор

За вербата

Сите жители на едно место одлучија заедно да молат за дожд. На закажаниот ден сите се собраа на централниот трг…Но, само едно дете со себе носеше чадор. Тоа е Верба.

За довербата

Кога се играте со своето дете, фрлајќи го во воздух, тоа весело се смее бидејќи знае дека ќе го фатите повторно во прегратка. Тоа е доверба.

За надежта

Секоја вечер одиме на спиење без никакви гаранции дека следното утро ќе се разбудиме, но и покрај тоа, секоја вечер го вклучуваме алармот за будење. Тоа е надеж.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: