Постојат повеќе типови на прељуба, зависно од тоа кој во што верува. Но, два класични типа на прељуба се емоционална и физичка.
За многумина емоционалната прељуба е безначајна и не предизвикува проблеми во врска, но сепак тоа може да биде најлоша врста на прељуба.
Емоционалната афера се случува кога партнерот, кој е во љубовна врска, ќе се вљуби во некој друг и мечтае за љубовен однос со таа личност.
Емоционалната прељуба е оживување на филмови и сценарија во главата со личност која ви се допаѓа, а тоа не е вашиот партнер. Многумина ќе речат, но тоа е само мечта, тука нема физички контакт. Секоја емоционална прељуба која ќе потрае, кога- тогаш преминува во физичко изневерување.
Ако се прашувате како доаѓа до емоционална прељуба и кога таа претставува проблем, ова се некои од знаците.
1. Барате внимание во други луѓе. Во врска сето внимание кое го добивате треба да доаѓа од вашиот партнер. Без оглед колку и да добивате внимание од него, ако ви годи вниманието од други луѓе, тоа значи дека не сте задоволни од она што добивате во врската.
2. Криете некои работи од партнерот. На пример, често ја бришете историјата на пребарување на интернетот или на социјалните мрежи. Криете каде бевте и со кој зборувавте. Се’ што криете од партнерот значи дека чувствувате вина за нешто.
3. Ги преминувате границите на флерт со другите. Зафатена личност не смее да дозволи да разменува број со странец кој е заинтересиран за неа. Ако сте подготвени да ја преминете границата на флертот подготвени сте и за многу повеќе.
4. Фантазирате за друга личност. Ова не е нужно лоша работа, освен ако не ви премине во навика. Таквите фантазии многу често се остваруваат.
5. Негувате големи чувства кон друга личност. Ако себеси си признаете дека ви се допаѓа таа друга личност, која не е ваш постојан партнер, тогаш е многу важно добро да ги преиспитате тие чувства и да бидете искрени и кон себе и кон другите кои се вмешани во тоа.
Leave a Reply