Да се мрази некој е многу полесно отколку да се сака. Понекогаш е доволна една фраза или еден поглед за некој засекогаш да го замразите.
Љубовта е прифаќање на личноста таква каква што е. Кога сакаме, им се отвораме на другите. Омразата е лутина, негативност и ѕид кој го градиме помеѓу нас и другите луѓе. Омразата ретко носи нешто друго освен болка. Тоа чувство никогаш не носи задоволство, дури ниту кога ќе се израдувате ако на некој ќе му се случи нешто лошо.
На крајот на краиштата, омразата е емоционално заробеништво и копнеж по нешто. Речиси никој нема да признае дека некој го мрази, бидејќи во старт луѓето знаат дека омразата е срамотна и лоша работа. Омразата се храни си вашата животна сила, а љубовта, спротивно од тоа ве полни со енергија.
Затоа е потребно време да се излезе на крај со деструктивните чувства, пред да им наштети на вашата душа. Сами бирате кои чувства сакате да ги носите во себе, дали сакате да се будите секој ден огорчени? Или сакате да бидете исполнети со љубов и задоволство.
Не е во ред да мразите некој кој ве повреди или понижи. Со такво чувство само си штетите себеси, на другата личност не можете да му наштетите. Омразата е казна за оние кои ја чувствуваат. Многу модерни истражувања покажуваат дека стресот предизвикан од негативни чувства и ставови не му импонираат на вашето физичко здравје.
Смешно е што многу луѓе се обидуваат да им наштетат на другите преку сопствената омраза и кога нешто ќе им се случи на тие што ги мразат, сметаат дека тие тоа го предизвикаа. Водени од таа мисла почнуваат да веруваат дека се моќни и дека можат со мислите да им вратат на луѓето за сите навреди.
Ама тоа е класична замка во која упаѓате и само себеси си штетите. За да станете среќни и да го сакате светот околу вас, потребно е да ги пронајдете ‘црните дупки’ во себе. Тоа се непроживеани негативни емоции од минатото, огорченост и други трауми кои мораат да излезат.
Се’ што не најде емоционален излез долго ќе ве мачи. Затоа, на патот до среќата, треба да се решите од своите негативни стравови и она што ви ја црпи вашата добра енергија. И сакајте се себе.
Можеби не си најдобра личност на светот, но не си најлоша.
Leave a Reply