Луѓето не се менуваат, само покажуваат какви се вистински

Нас жените ни е понекогаш тешко да оцениме дали мажот покрај нас е искрен или го крие своето вистинско лице. Меѓутоа, постојат некои јасни знаци кои можат да ви откријат каков маж навистина имате покрај себе, само е потребно внимателно да го следите начинот на кој се однесува.

1. Дали го исполнува своето ветување. Секојдневно на некој нешто му ветуваме, но не успеваме секогаш да ги исполниме своите ветувања. Тоа е затоа што не можеме секогаш да контролираме, како некои ситуации ќе се одиграт. Ако мажот често го крши својот збор, тоа е лош знак. Тоа може да значи недоверлива личност, дека не е многу добар во управувањето со својот живот и дека вие не му сте посебно важни, па не се труди да го исполни своето ветување.

2. Како комуницира со луѓето чии статус е понизок од неговиот. Ова е многу важен знак. Начинот на кој мажот се однесува со келнерите, кондуктерот, продавачката е многу важно. Ако е безобразен, арогантен, ги навредува, ништо не ви гарантира дека и кон вас нема така да се однесува.

3. Како изгледа неговиот автомобил. Овде не мислиме на марката на автомобил кој го вози, туку на неговиот изглед. Мажите генерално, многу внимание му посветуваат на своите љубимци на четири тркала и ги држат уредни. Ако неговиот автомобил е неуреден, тоа покажува дека и тој е невнимателен и неуреден.

4. Како се однесува кога ќе згреши. Не се сите во сосотојба да ги признаат своите грешки, затоа е добро да се обидете на нежен начин да му укажете на грешката. Многу е важно како личноста се однесува во расправија, без која ниту една врска не функционира. Затоа е добро веднаш на почеток да знаете со кој си имате работа.

5. Како реагира на вашите грешки. Дали се преправа како ништо да не се случило или постојано ве потсеќа на вашите грешки или бргу заборава на нив? Ако неговата реакција почнува да ве вознемирува тоа не мора да значи дека е лош, можеби е само така воспитан, а од вас зависи дали ќе се поправи или не.

6. Како се однесува кон луѓето од кои му треба помош. Добро обрнете внимание. Многу луѓе, не само мажите, имаат навика да им се додворуваат на оние од кои им е нешто потребно. Затоа бидете внимателни, можеби е добар, бидејќи сака побргу да развие однос со вас. Можеби кога ќе си ја оствари целта, ќе стане груб кон вас.

7. Како она што објавува на социјалните мрежи се поклопува со она што вистински се случува во неговиот живот. На многу луѓе им е важно туѓото мислење, па на социјалните мрежи го разубавуваат својот живот. Таквите личности својот живот го прикажуваат како нешто грандиозно, а во стварноста може да биде сосем поинаков.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: