Мажите не ги лажат само жените, туку и љубовниците

Бев во среќен брак многу години и открив дека мојот сопруг ме изневерува. После тоа се разведов, но по неколку години, судбината ми беше да станам љубовница на оженет човек.

Кога мажот ја изневерува својата сопруга, тој почнува да се служи со лаги, но неверен маж не ја лаже само својата сопруга туку и својата љубовница. Затоа сакам од лично искуство да ви покажам со кои се’ лаги се служат мажите кога ги изневеруваат своите сопруги.

Лаже. Секој маж кој изневерува, тој и лаже. Не ја лаже само својата сопруга, туку ја лаже и љубовницата. Мојот тогашен партнер го вадеше својот венчален прстен кога доаѓаше кај мене и никогаш не го спонуваше своето семејство, додека еден ден не дознав случајно. Кога го прашав дали е оженет, тој ми рече дека се разведува, што воопшто не беше точно. Ако се сомневате во верноста на својот сопруг, прашајте го. Тие обично ќе се збунат во такви ситуации бидејќи не очекуваат и често ќе признаат се’.

Почнува да троши пари. Кога мажот има љубовница тој тогаш почнува да троши повеќе пари, на неа се разбира, а своите трошоци ги крие од вас. Ова е јасен знак дека има љубовница. Веројатно често подига кеш, за да не го забележите каде се’ плаќа со картичка.

Одеднаш работното време му се менува. Многу мажи кои изневеруваат почнуваат да зборуваат како имаат повеќе обврски и мора подолго да останат на работа. Тоа е првиот знак за сомневање. Како и службените патувања.

Се’ помалку е интимен со вас. Тоа е секако поради тоа што добива од другата страна.

Често го проверува телефонот. Ако вашиот партнер постојано нешто чепка по својот телефон и го крие од вас, има големи шанси дека ве изневерува, посебно ако претходно тоа не го правел.

Почнува повеќе да се средува. Посебно ако тоа порано не му било важно, можеби постои причина. Многу мажи во брак почнуваат да се невнимателни во тој поглед, но ако се појави некој кој ги интересира, тогаш тие почнуваат да се грижат повеќе за себе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: