Вистинскиот маж прво ќе заврши со бракот, па потоа ќе бара друга жена

Вистинскиот маж кој не е среќен во бракот, прво ќе ја заврши таа приказна па потоа ќе бара нова љубов. Само слабите луѓе бараат друга опција додека сеуште живеат со жена која наводно ‘не ја сакаат’.

Ако сте веќе толку големи фраери да барате друга љубов надвор од бракот, зошто се криете? Зошто се однесувате како глувци, бегајќи во некоја дупка? Јас имам одговор- бидејќи сте слаби и искомплексирани. Вистинскиот маж прави се’ транспарентно и без срам. Нивните постапки се правилни и нема потреба да се однесуваат како несигурни глувци.

Ако веќе сакате да бидете вистински фраери и сметате дека вашиот брак не води никаде- кажете и’ на вашата жена, дека не се гледате повеќе со неа како пар и дека сакате да се разделите. Колку и да е тоа болно, така е најдобро. Заштедете време – нејзино и ваше.

Наместо да ја лажете неа па и себеси, наместо да се криете и да ја продолжувате агонијата која е увод во пекол, соберете храброст и направете го тоа.

А и сите љубовници кои влегуваат во врска со оженет маж, треба да знаат со каков човек си имаат работа. Без оглед колку тој ветува дека ќе ја остави својата жена, не верувајте во неговите зборови, колку што треба да му верувате на неговите дела.

Ако навистина сака да ја остави жената, ќе го направи тоа пред да ве запознае вас. Значи, ако е вистински маж немаше да започнете врска дури е оженет човек, туку кога е слободен. Без оглед какви ветувања или оправдувања има, имајте на ум дека само сомнителни типови влегуваат во врска, сокривајќи се.

Без оглед каква е неговата моментална состојба, вистинскиот маж нема да се крие од било кој. Ако жената му се допаѓа и ако има искрени намери со неа нема да има проблем со тоа било кој да го види со неа. Запомнете го тоа.

Маја

Leave a Reply

Up ↑

%d