Како да се обнови врска која е прекината, но има иднина?

Дали со партнерот раскинавте, но и понатаму се сакате? Дали сеуште негувате чувства кон својот партнер? Да се опорави врската која е веќе прекината не е лесна задача. Меѓутоа, вреди да се потрудите ако сеуште постојат чувства и верувате дека врската може да има иднина.

Најважна работа е сигурноста дека љубовта е тука и дека тоа не го правите од хир. Исто така, обновување на прекината врска е работа која треба да се направи со внимателно планирање, а не само со емоции. Тоа значи внимателно да се размотри минатото, да са научи од она што се случи и да се биде во состојба да се делува поинаку. Во спротивно, раскинувањето ќе се повтори.

Како да се обнови врска која е прекината без повторување на истите грешки. Понекогаш раскинувањата предизвикуваат непосредна потреба да на било кој начин се обнови врската. Потоа, еден или двајцата партнери можат да донесат нездрави одлуки кои на крајот уште повеќе им штетат на врската. Затоа треба да ги разгледате следниве совети.

1. Некое време на одвоеност е потребно. Да се остане на дистанца од партнерот некое време е најдобар начин да утврдите дали навистина си недостасувате еден на друг. За да го направите тоа, не треба да се состанувате, без телефонски повици или меѓусебно посетување на социјалните мрежи. Ова може да биде тешко за некои интензивни луѓе, но ова е неопходен и вреден чекор. Оваа дистанца овозможува да процените дали навистина ви е потребен во животот онолку колку што мислите.

2. Запомнете дека позитивниот став создава позитивни одговори. Секојдневно будење со позитивна енергија и мислата дека се’ е во најдобар ред, навистина помага во вакви ситуации. Неопходно е да се согледа позитивната страна на секоја ситуација и да се сфати зошто вашето раскинување се случи. Причините за вашето раскинување се прилики- своите грешки да ги трансформирате во нешто здраво и тоа здраво да го вградите во своите животи. Ова е момент кога треба да си дозволите себеси да го промените она што предизвика проблеми во вашата врска. Кога нема приговори или вина, љубовта не е изгубена.

3. Ако се запознаете подобро себе, тогаш веќе имате друга перспектива. За да ја обновите врската, мора да бидете многу свесни како допринесувате и што можете да му дадете на својот партнер. Бидете многу искрени кон себе за тоа каква личност сте привлекле во својот живот и што придонесе за раскид. Дали постои љубомора, емоционална зависност, преголем интензитет или лошо расположение?

4. Воспоставете повторно контакт. Кога веќе се чувствувате силно, позитивно и сигурни сте дека сакате да ја обновите врската, тогаш можете да започнете нов контакт. Почнете со телефонски повик или приватна порака и почекајте одговор. Меѓутоа, секогаш тоа направете го без да покажете претерана анксиозност или жар. Вашите разговори не треба да се фокусираат на проблемот на разделување.

Ако мислите дека има иднина, вреди да се проба.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: