Ќе ви кажам една работа, вторите шанси се за слабите луѓе. Ако мажот многу ве повреди, во тој случај имате само една опција- засекогаш да го откачите од себе. Од таква врска треба да се излезе попаметен, понасмеан. Зошто?
Затоа што мажите ги повредуваат жените со јасна намера во 9 од 10 случаеви. Да, сите правиме грешки и сите треба да бидеме емпатични, но тоа не значи да му се даде втора шанса на човекот кој силно ве повреди или упорно ве навредува. Секоја жена треба да постави јасна граница.
Секоја жена треба да знае кога некој треба да го избрка од својот живот. Кога врската нема иднина и кога во неа останувате од страв.
Научив на многу тежок начин како правилно да одлучувам во врската, кој ме сака, а кој ме навредува.
Во животот повеќе раскинував и повредив добри мажи отколку оние лошите. Зошто? Затоа што сме слаби на луѓе кои не’ одбиваат. Секое одбивање и лош третман го доживуваме како личен пад и сакаме да го исправиме.
Токму поради тоа секогаш им се враќаме на ‘лошите момци’. Поради тоа сакаме барем уште еднаш да се видиме со тој некој лош кој не’ повреди или одби. Сакаме да се чувствуваме вредно, но на погрешни начини и со погрешни луѓе. Да, можеби добрите мажи понекогаш се досадни или монотони.
Но, сфатив дека така размислуваат само жените кои имаат комплекси и кои не се психички стабилни, а јас бев една од нив. Затоа треба да се посветите себеси, својата душа и менталната состојба.
Кога себеси ќе се излечите од комплекси и проблеми тогаш ќе знаете да ги цените мажите и генерално сите добри луѓе во својот живот. Лошите мажи се за слаби жени, добрите мажи се за стабилни и мудри жени. Која нормална личност ќе трпи некој кој го одбива или кој не сака да се потруди околу нив? Ниту една! Поработете на себе и не ги задржувајте луѓето во својот живот подолго од тоа што заслужуваат.
Leave a Reply