Од машки агол: Што сакаат жените? Дали навистина е долга листата?

Нешто недостасува во нашите односи. Многу мажи не се во состојба да допрат до жената, ниту пак жените потполно им се отвораат на мажите. Тие не се отвораат, бидејќи мажите не им даваат она што им треба. Жените се разочарани и не го помнат злото, тие страдаат.

Кога жените страдаат и кога се чувствуваат дека не се забележани, тие се затвораат кон мажите. За среќа, можете да научите како да допрете до жената. Можете на својата партнерка да и’ дадете се’ што треба, дозволувајќи и’ да се чувствува забележано и тогаш таа повторно ќе се отвори, подобрувајќи го не само вашиот однос, туку и цел свој живот.

Што им треба на жените?

Жените не сакаат совршени партнери. Сакаат мажи кои ќе се потрудат да бидат најдобра своја верзија. Таа не мора нужно да посакува некој кој го испланирал цел свој живот, но сака некој кој има цел во животот. Сака некој кој има храброст да плаче пред неа, кога му е тоа потребно. И храброст да се соочи со своите емоционални демони.

1. Жената сака да се чувствува сакано. Кога жената се чувствува сакано, тие се опуштени и отворени. Кавгите исчезнуваат, нежност има во изобилство, а нивната топла женска енергија протекува низ нашите животи. Чувството на несаканост е извор на секоја расправија во врска. Научете да гледате преку нејзините зборови, дела и расположение и ќе сфатите кој е вистинскиот корен на сите проблеми.

2. Сака да се чувствува сигурно. Постои војна која се води со женската самопочит, сексуалноста и сигурноста уште од најрано детство. Жените мора да имаат сигурен простор каде ќе чувствуваат дека можат да им веруваат на своите партнери. Таа сака да верува во нашата сила. Сака да не се чувствуваме поразено кога ќе ни каже да направиме нешто на нејзин начин.

3. Сака да се чувствува забележано. Жената сака да почувствува дека ја слушнаме и дека сме свесни за нејзината емоционална состојба. Таа не сака нужно да не’ погоди нејзината состојба, но сака да бидеме сведок на тоа. Животот може да изгледа многу осамен и покрај тоа што сте во однос партнерски. Мора постојано да му покажувате на својот партнер дека постои барем една личност која ќе биде нејзин сведок и поддршка на патот низ животот.

4. Сакаат да се грижат за нас. Како што машката енергија има потреба да заштити, женската енергија има желба да негува. Жените сакаат да видат пукнатинки во нашиот оклоп. Тие сакаат да видат дека имаме доволно доверба во нив за да им се отвориме. Тие сакаат да бидат во можност да ни помогнат низ тие наши таги. Интегриран, развиен маж кој има урамнотежена машка и женска енергија, ќе му годи грижата и негата на својата жена. Дозволете и’ да ви се доближи. Таа сака да ве сака.

5. Сака да се чувствува дека може да смета на нас. Животот некогаш станува хаотичен. Кога ќе се појават животни неизбежни потешкотии, дали ќе се распаднете под притисок или сте во можност да се прилагодите? Жените сакаат да знаат дали можеме да се носиме со се’ што животот носи. Сакаат да знаат дека нема да побегнеме и да се скриеме кога ќе станат ‘премногу емотивни’ за нашиот вкус. Тие сакаат да сметаат на нас.

6. Сака да ја цените. Женската енергија кај сите луѓе пред се’ реагира на пофалба и благодарност. Потсетете ја вашата партнерка дека ја сакате. Кажете и’ дека ја цените поради она што носи во вашиот живот. Покажете и’ колку тоа ви значи. Најбрзиот начин да го расипете односот со вашата партнерка и да ја земете здраво за готово. Благодарноста е спротивност на тие работи.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: