Љубоморните жени не се секогаш хистерични- 7 интересни факти за љубомората

Љубомората често може да се спореди со тоа колку жената го сака мажот. Секоја жена која сака и која сака да ја заштити својата љубов- ќе биде љубоморна до некоја мера.

1. Љубомората е во женската природа. Врвот на љубомората кај жената се случува во текот на бременоста и во првите години од животот на детето. Во текот на овој период, жената има зголемена потреба да го заштити својот маж и детето што често се манифестира во облик на љубомора.

2. Потполното отсуство на љубомора не е добро. Психолозите сметаат дека не е нормално да не се чувствува љубомора воопшто. Како што претераната љубомора не е добра, така не е добро да се оди ниту во друга крајност.

3. Љубомора е на второ место на листата на главни причини за развод на бракот.

4. Според статистиките 7-10% од мажите се патолошки љубоморни.Таквите личности бараат било какви причини за да пронајдат трагови на предавство, па често ги измислуваат кога нема да ги пронајдат. Патолошките љубоморни мажи ја обвинуваат својата партнерка за ‘предавство’ кое тие во главата го измислија. Со нив врска не е возможна.

5. Несигурност е најчеста причина за љубомора. Кога човекот е несигурен, тој е повеќе оптеретен со други луѓе. Несигурните луѓе често ги преиспитуваат своите квалитети.

5. Женската љубомора е најчеста, но машката љубомора е посилна. Тие можеби нема да бидат љубоморни на некои ситници на кои жената ќе биде, но секоја појава на љубомора во себе тешко ќе ја поднесат.

7. Женската љубомора не е често показател за хистерија, туку страственост. Жената која е љубоморна покажува колку е важен нејзиниот маж и на што е подготвена за да го заштити.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: