Многу луѓе погрешно ја тумачат мојата чувствителност и ме сметаат за слаби, но тоа не е точно.
Да се биде чувствителен не е она што сакам, тоа е она што Јас сум и што ме дефинира. Тоа е, исто така, нешто што не сакам да го менувам, бидејќи тоа сум јас и не сакам да бидам поинаква. Кога сакам, сакам со сето мое срце, но не постои личност на овој свет поради која ќе се откажам од својата чувствителност.
Оној кој не може тоа да го прифати не треба ниту да влегува во врска со мене. Ако некој ми се допаѓа, јасно ќе му кажам. Не сакам да ги кријам своите чувства и секогаш сум подготвена да му ги покажам. Можеби тоа некогаш го правам неспретно, затоа што имам силни емоции и понекогаш не знам на вистински начин да се искажам и да ги покажам.
Да се биде чувствителен значи да се биде голем сонувач, што и сум. Секогаш сакам да правам милион работи одеднаш и секогаш сонувам за својата следна авантура. Не сакам глупи и празни муабети. Тие ме исцрпуваат. Сакам да зборувам за работи кои се навистина важни и да водам длабоки и смислени разговори. Сметам дека чувствителноста е дар, но знам дека мора секогаш да бидам внимателна.
Еднаш направив голема животна грешка и ја заменив љубовта со зависност. Бев подготвена да го отфрлам својот живот за маж кој сакаше само да ме контролира и искористи. Станав зависна од неговата љубов и внимание и во потполност ја изгубив врската со стварноста.
Ја научив лекцијата и таа грешка не сакам никогаш повеќе да ја повторам. Затоа сакам на секој маж јасно да му дадам до знаење, ако не е во состојба да се носи со мојата чувстителност нека си оди.
Нема што да бара покрај мене.
Маја
Leave a Reply