Љубовна астро прогноза за февруари- Јарец, Водолија и Риба

Јарец

Вашиот партнер треба да биде вашата личност од доверба и некој на кој можете да му ги доверите своите најмрачни тајни без било каков страв. Врската треба да се гради на доверба бидејќи вашиот партнер е личност на која треба најмногу да му верувате ако сакате да градите здрава врска. Научете да разговарате со својот партнер за да можете да ја зајакнете вашата врска и да ја направите свое мирно место. Наместо да го критикувате вашиот партнер, покажете разбирање и сослушајте го ако има нешто да ви каже. Слободните Јарци во овој месец можно е да започнат нова љубовна врска и да создадат смислена врска од било кога порано.

Водолија

Ако вие и вашиот партнер во овој месец се одлучите да поработите на својата врска таа може да потрае долго. Мора да научите да се борите за својот брак и за својот партнер. На вашиот партнер му е потребно да бидете посветени и да научите да ги правите работите заедно како пар. Вашиот брак може да биде совршен само ако вие тоа го сакате и ако се потрудите таков и да биде. Не форсирајте го својот партнер да прави работи кои не ги сака и обидете се да најдете нешто во кое и двајцата ќе уживате.

Риби

Вашата врска може да биде многу добра ако малку се вклучите и се посветите на својот партнер. Би било добро да покажете малку разбирање за својот партнер и да му простите некои грешки. Обидете се и вие да размислите за своите грешки и дали партнерот може да ви прости. Не дозволувајте сексот да биде причина за расправија туку сретство за јакнење на врската. Обрнете внимание на работите кои се случуваат во вашата врска. Слободните Риби треба да бидат поотворени ако сакаат да започнат нова врска. Бидете отворени за нови познанства бидејќи меѓу нив може да се крие личноста со која е можно да почнете убава романтична врска.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: