Луѓето станаа толку саможиви што на многумина им е тешко да ја превземат одговорноста за своите постапки и чувства.
Колку е тешко да му се каже на некој ‘Прости ми’?
Најлесно е да се каже ‘ти си виновен ‘ или ‘Јас не сум виновен’, а најтешко е да се биде одговорен и зрел човек кој ќе ги признае своите грешки. Човекот не сфаќа колку тоа ги пореметува односите. Пријателски, љубовни, службени, семејни- апсолутно се’.
Луѓето се премногу навикнати на изговори, а многу малку на признание и искреност. Со тоа само им даваат лажно чувство на доминација и моќ на другите. Но, во основа сето тоа го прават од сопствена немоќ и страв. На таквите луѓе обично не треба да им се зборува ништо против нивните уверувања, бидејќи тие никогаш нема да ве разберат.
Ако сте жртва на таквите луѓе, запрашајте се зошто себеси тоа си го дозволувате. Што ве спречува да ги поставите границите? Да се почитувате себеси и од другите да барате да ве почитуваат? Од што се плашите? Зошто мислите дека не сте вредни? Секој човек на другите им покажува како можат да се однесуваат кон него.
Ако сте дозволиле да ве понижуваат тогаш сте им покажале дека тоа го можат. Не поставивте јасни граници и ако тоа не го правите на самиот почеток, тие луѓе засекогаш ќе ве искористат. Заппомнете, заслужувате повеќе од тоа некој да ве понижува, критикува и да не ви дава ништо.
Заслужувате повеќе од пријател кој никогаш за ништо не е виновен и кој никогаш лошо не мисли ниту прави – а сепак ве повреди! Не’ учеа дека лутината е лоша работа. Дека сме за никаде кога ќе се налутиме, дека мора да бидеме тивки. Дека не треба да плачеме, бидејќи е за слаби луѓе.
Почнавме да веруваме дека е тоа одраз на слабост. Решете се од сопствениот терет, решете се од незрели луѓе кои ве навредуваат. Дали ќе се заземе за себе пред партнерот/ шефот/ соработникот или со било кој, кој ги преминува границите? Поставете граници за она што треба и за она што не треба.
Во исто време потребно е да се биде свесен дека понекогаш најдобрата граница е да му се сврти грбот и да се замине од оние кои не сакаат да се менуваат и не сакаат одговорност за своите постапки. Заслужуваме почитување, заслужуваме однос полн со љубов и мир.
Leave a Reply