Она што некој го мрази кај тебе, друг сигурно ќе го сака

Дали некогаш имаше врска во која не беше своја и не можеше да покажеш што си навистина.

Сите бивши ги гледаа само твоите мани и бараа недостатоци што те наведе да го криеш своето вистинско лице и да се сомневаш дека не си вредна за љубов. Тој кој те наведе да се сомневаш дека не си вредна за љубов, те носи исто така во сомнеж дека не си вредна за некој да се потруди и да одвои време за тебе.

Ти сакаш љубов, но не сакаш повеќе да се криеш себеси бидејќи секогаш толку ризикуваше и изгуби. Жената кога сака, таа сака со сето срце, подготвена е да ризикува многу работи за оној кој го сака. Не дозволувај тој еден маж кој ти го скрши срцето да ти ја разниша вербата во љубовта.

Ќе се појави маж кој ќе те сака таква каква што си и кој ќе сака се’ она што ‘тие’ пред него не го сакаа. Ќе се појави маж кој ќе ги сака твоите мани и недостатоци и ќе ги прифати подеднакво како и твоите доблести.

Ќе се појави и ќе те потсети колку вредиш и дека со тебе е се’ во ред, само до сега се вљубуваше само во погрешни луѓе. Ќе се појави маж кој ќе ти каже она што сакаш да слушнеш, но овој пат нема да биде лага. Овој пат тоа ќе биде вистина и овој маж тоа ќе го покаже со своите дела.

Ќе ти покаже дека му си важна, дека нема потреба да се плашиш, бидејќи тој сака да биде дел дел од твојот живот. Ќе ти покаже дека претходните врски и погрешните мажи те донесоа право до него. Ти помогнаа да го најдеш него кој ќе ти покаже што е вистинска љубов и као изгледа да се биде искрено сакан.

Овој маж знае дека нема секогаш да биде лесно, но нема да се откаже. Ќе те потсети дека љубовта е силна, не треба да боли, треба во љубовта да се ужива.

Leave a Reply

Up ↑

%d