Кога сфатив дека мојот брак е готов, само размислував за тоа каков ќе биде мојот живот без сопругот. Како ќе спијам сама во креветот, како ќе живееме сега кога е еден помалку во семејството? Ми требаше многу време да сфатам дека по разводот губиш многу повеќе од сопружник.
1. Губите пријатели. Луѓето бираат страни, па и оние пријатели кои некогаш ви беа заеднички на крајот ќе одберат страна на која се повеќе наклонети.
2. Ја губите самодовербата. Ако вашиот развод бил жесток и лош, тоа може во голема мера да влијае на вашата самодоверба и самопочит. Тогаш се прашувате дали донесовте исправна одлука, каква е вашата способност да не ги повторите истите грешки во иднина.
3. Го губите семејството. Мојот бивши сопруг и јас бевме во брак 12 години и неговото семејство стана дел од моето семејство. Без оглед што не се сложувавме, тие и понатаму се семејство, на моите деца секогаш им беа семејство. Но сепак, после разводот ги губите луѓето, бидејќи пред се’ тие се семејство на вашиот сопруг и секогаш ќе биде негово семејство а не ваше.
4. Го губите времето со децата. Кога ќе се разведете мора да го поделите времето со децата. Ќе мора да ги поделите родендените, празниците и викендите. Сите важни денови во годината ќе мора да ги делите или ќе мора да ги поминете во непријатна тишина со својот бивши.
5. Ги губите работите. Ќе го изгубите домот во кој толку години сте живееле, бидејќи на овој или оној начин тоа мора да се подели. Ги делите финансиите, имотот, трошите пари на развод, дури можете да се најдете во голема финансиска криза.
Кога ќе се разведете не го губите само сопружникот, губите многу повеќе. Губите се’ она што некогаш ви било важно.
Leave a Reply