Како се лечи тагата?

Можеби токму сега минувате низ тежок период. Нешто можеби се случи во вашиот живот или можеби чувстувате егзистенцијална криза која тешко се објаснува. Тагата понекогаш ќе се залепи за нас, гушејќи ни ги срцата. Па, како да се лечи тагата од ден на ден?

Хроничната тага е супстрат на депресијата. Мора пополека да ‘газите’ во тој случај. Замислете го тоа како болест. Мора да ја лечите тагата, како мускул кој треба да стане цврст и силен за да му се спротистави на стварноста со повеќе енергија, со подобро расположение. Можеби мислите дека секоја личност е различна, дека секој си е во посебен свет. Но, вистина е дека сите не’ болат исти работи. На сите нас влијаат исти работи, чувство на осаменост, неразбирање или непочитување. Чувствуваме презир и малтретирање, лага и предавство.

Овде ќе објасниме кои смерници можете да ги следите, за да ги рационализирате и да ја лечите тагата на здрав начин.

Идентификувајте што е тоа што влијае на вас

Можеби ви се чини очигледно, но секогаш не е лесно. Понекогаш е тоа акумулација на неколку работи: нешто што партнерот ви направил, чувство дека всушност не работите она што сакате, туку она што другите го очекуваат од вас, разочарување…Понекогаш тагата не е само една боја, туку цел еден спектар за која мора да учите, за да дојдете до причината.

Не седете мирно, не се затворајте во 4 ѕида

Затворањето и седењето ќе ве зароби уште повеќе. Не се откажувајте. Ако почнете да чувствувате дека сакате да останете дома, дека не сакате да излегувате со пријателите, туку сакате да ги оставите своите социјални односи настрана и повеќе да седите во мрак, значи депресијата веќе почнала да ве освојува. Не го дозволувајте тоа. Вратете ја својата енергија и зборувајќи си себеси дека нема да се откажете, дека заслужувате да бидете среќни и дека секоја болка е привремена. Секој проблем има свое решение. Ништо не е засекогаш и имате право да го најдете својот мир.

Тагата како момент на размислување со цел да се зајакнете

Како што се зборува често, нема ноќ која утрото не ја совлада. Ниту една болка нема да биде вечна, што и да ве боли денес нема засекогаш да ве боли. Се’ се смирува и се’оди на подобро. Тагата мора да се сфати како момент на размислување, како момент кога треба да го свртите својот поглед кон внатре за да се излечите, да ги поправите сите тие оштетувања. И исто така да донесете одлуки. Овој одраз која тагата ја носи, треба да ви овозможи да ги отворите очите во вистинскиот смер. И мора да бидете храбри за да го прифатите тоа. Имајте на ум дека заслужувате убав живот, без оглед ако не донесете исправни одлуки или не сакате да пробате, не дозволувајте еден ден да ве обземе фрустрација. Затоа не се сомневајте. Зајакнете ја својата самопочит и напуштете го својот мрачен тунел на тагата.

Секој ден пронајдете некои возбудливи работи

Кога ќе станете наутро, поставете си некоја цел. Нешто што ве турка одвнатре и што ве тера од кревет, да се облечете, да се чувствувате добро и да посакате да ја напуштите куќата.

Пријавете се на часови на сликање, јога, танц. .Нешто што ве тера да го окупирате својот ум и телото со некој проект, колку и да ви се чини мал. Многу е битно да ја најдете смислата во работите кои ве опкружуваат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: