Љубовницата му годи на мажот, бидејќи жената го запоставува

Во многу бракови со тек на врме доаѓа до несогласувања кои можат во голема мерка да му наштетат на односот помеѓу сопружниците.

Тогаш тие почнуваат се’ повеќе да се караат и да си посветуваат се’ помалку внимание еден на друг, што многу мажи ќе ги натера тоа внимание кое им недостасува во бракот, да го побараат на друга страна. Постојат повеќе причини поради кои мажот ќе се одлучи да одвои време за љубовница.

Постојат разлики помеѓу љубовницата и сопругата. Она што многу жени им го замеруваат на своите мажи, љубовниците го одобруваат.

Еве ги всушност најважните разлики:

Карактеристика на сопруга

  1. Куќата и децата стануваат нејзин живот. Сопругите воглавно се фокусираат на тоа куќата и децата да им бидат чисти и уредни, ручекот подговен, облеката испрана и средена, а се’ помалку внимание му посветуваат на сопругот.
  2. Ги контролираат финансиите. Сопругите воглавно се трудат парите да ги распоредат паметно и често од мажот ја земаат цела плата и нему не му оставаат ништо. Сопругата треба да го води домаќинството, но без пари тоа не е можно.
  3. Раѓаат деца. Речиси секоја жена сонува за тоа да стане мајка и да раѓа деца и во тоа нема ништо лошо. Меѓутоа, кога децата ќе се родат, многу жени стануваат нервозни и уморни и ги обвинуваат своите мажи за тоа, врз нив го пренесуваат сиот свој бес поради што мажот почнува да чувстува вина и нелагода.
  4. Својата енергија ја насочуваат кон куќата. Се трудат куќата да биде секогаш чиста и уредна, но таа самата изгледа уморно и незадоволно.
  5. Секогаш нешто приговара. Кога жената е незадоволна таа почнува на својот маж се’ да му приговара, дури и за најмала ситница
  6. Интимноста станува се’ поретка. Многу жени наоѓаат многу причини за да ја избегнат интимноста со својот маж, па подоцна се чудат кога тој ќе најде друга. Често жените забораваат дека интимноста го одржува бракот.
  7. Сака се’ да контролира. Многу жени превземаат контрола над сите сфери на семејниот живот, бараат од мажот да прави она што тие сакаат и да се сложуваат со нив во се’.
  8. Бара заеднички дружења. Жените често ги присилуваат своите мажи да одат со нив на заеднички дружења и собири кои кои нив не им одговараат и бараат од нив да се дружат со нејзиното семејство и пријателите иако тој јасно става до знаење дека тие луѓе не му се допаѓаат.

Карактеристика на просечна љубовница

  1. Таа има свое секојдневие и не се труди мажот да го вклучи во тоа.
  2. Таа ги инспирира мажите, не бара од нив пари. Таа знае дека што повеќе прашува, повеќе ќе добива. Затоа секогаш ќе го пофали мажот и ќе каже дека е горда на него.
  3. Не поставува премногу прашања, не се меша во неговите работи и не го тера секогаш да се јавува.
  4. Љубовницата не го ‘дави’ мажот со разни глупости, затоа тој пред љубовницата се чувствува опуштено.
  5. Љубовницата е секогаш подготвена за интимност.
  6. Не инсистира на заеднички излегувања, бидејќи и’ одговараа врската која ја имаат.
  7. Не губи време на чистење, готвење и секогаш изгледа свежо и енергично. Затоа мажот покрај неа се чувствува пријатно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: