Иако мажот не е сакан, често нема да си замине- зошто е тоа така?

Жените кои сакаат да ги задржат своите мажи на сите можни начини прават да бидат добри и сакани, но сите знаеме дека човек ќе изгуби поим за вредноста на некои работи се’ додека не ги изгуби. Жените кои сакаат со сето срце понекогаш го гушат својот партнер.

Посебно оние жени кои не знаат на вистински начин да ја искажат својата љубов, па тоа го прават преку контролирање или претерано допирање. Мажите, за разлика од жените, ретко ги ставаат љубовните односи на прво место, бидејќи обично имаат други подеднакво важни цели кон кои тежнеат.

Поради тоа не се задлабочуваат во односите до максимум и не сакаат да бидат премногу врзани со својата партнерка. Да речеме дека мажите се како полици во вашиот дом. Вие им посветувате многу внимание, ги чистите, бришете прашина, но веќе следниот ден прашината повторно паѓа и вие се’ повторно правите од почеток. Има и такви жени кои ќе пуштат да се насобере прашина, па потоа ќе ги гланцаат да светнат со посебен сјај и се чини дека така е подобро.

Така може да биде и со мажите. Што повеќе внимание им посветувате, тие се повеќе на тоа се навикнуваат и престануваат да гледаат колку сте вие добри кон нив. Ако не сакате вашиот маж да си замине, важно е одвреме -навреме да го потсетите што има и што може да изгуби.

Ако човекот не е максимално сакан, поголема е шансата дека нема да замине:

  1. Кога не му давате апсолутна љубов тој секогаш ќе се бори да добие повеќе.

2. Повеќе ќе ја забележува вашата вредност.

3. Повеќе ќе ги цени ситниците кои ги правите за него.

4. Помалку ќе има желба да побара љубов кај друга.

5. Ќе сфати дека најде вистинска жена.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: