Мудрата жена знае како да го наведе мажот да лудува по неа. За тоа треба да знаете некои генерални работи.
Со години бев една од оние жени кои ‘полудуваат’ по некој маж. Се обидував да ги убедам да ме сакаат повеќе и да им се допаѓам. Но, некако се чинеше дека цел мој труд паѓа во вода. Не знаев што правам погрешно. Како е можно давањето на толкава количина на љубов да биде погрешно?
Зарем не треба исто да се врати? Воопшто не знаев дека проблемот е во мене и токму во таа потреба да ги ‘гушам’ мажите. Поентата е во тоа да бидете пореални кон себе, така ќе избегнете понижување и деградирање на сопствената гордост.
Ако не сте привлечни за мажот, ништо нема да се промени ако повеќе се трудите околу него. И тоа е цела поента. Ако тој не чувствува привлечност кон вас, ништо не можете да направите да го смените. Евентуално можете да станете жена за понекогаш, но веројатно никогаш повеќе од тоа.
Можете да лудувате по него колку што сакате. Можете да го посакувате за себе колку што сакате и да се трудите многу, но ако тој не се чувствува исто како вас, залудно ќе правите за него било што.
Впрочем, мажите често ги одбиваат жените кои многу се трудат околу нив. Тоа им изгледа како очаен обид. Вистина е дека мажите сакаат да бидат тие кои се трудат околу жената. Кога ќе им дадете до знаење дека не можат да ве имаат туку така, тие ќе стекнат впечаток дека навистина вредите. И како таква личност, подоцна повеќе ќе ве почитуваат и ќе се потрудат да не ве изгубат.
Leave a Reply