Жената која ќе го премине прагот на 40-тата поседува ново ниво на совршена интелигенција и мудрост. Тоа се години кога вистински ужива.
Жената во 30-тите станува не само мудра, туку и секој аспект на нејзината личност се менува. Тоа повеќе не е жена која ги влече мажите за ракав, не ги моли и постојано не им пишува СМС.. Тоа повеќе не е онаа неискусна девојка која мислеше дека светот ќе се сруши ако нејзиниот маж не и’ обрне внимание. Таа нема да премине преку својата волја за да им угоди на неблагодарните луѓе. Нема да дава максимум за да им се допадне на луѓето кои не можат да ја увидат нејзината вредност.
Жената кога ќе ја премине 40-тата влегува во уште една помоќна фаза во животот. Таа е фаза во која ја гледа вистинската убавина во себе, во другите луѓе и природата. Тоа е жена која знае како да си угоди себеси и знае колку е важно себеси да се стави на прво место. Таа повеќе нема ниту една ноќ да ја помине со празни луѓе кои немаат попаметни теми за разговор освен гардероба, пари или финансискиот статус на другите луѓе.
Таа повеќе сака ноќата да ја помине во својата наметка со чаша вино или топло чоколадо и да ја гледа својата омилена серија, отколку да излегува. Жената која ја премина 40-тата стекна ново ниво на интелигенција и мудрост на која другите луѓе им завидуваат.
Таа нема да се понижува поради другите луѓе. Таа веќе се изгради себе толку силно, со голема самодоверба во себе, што никој нема да може да ја понижи. Таа жена не е дете да се вљубува и одљубува постојано. Долго време и’ треба да ја извага секоја љубов за да се согласи за нешто сериозно.
Затоа, кога таква жена ќе пушти нов маж во својот живот, тој мора да биде нешто посебно. Кога таква жена ќе се вљуби, во годините на најголема зрелост и мудрост, тоа може да значи само едно-дека таа средба не е случајност, туку судбина, тоа не е детска љубовна приказна, туку вистинска романса.
Leave a Reply