Повлечени мажи- Како да се освои нивното срце?

Ако ви се допаѓа маж кој по малку е резервиран и срамежлив, не очекувајте дека лесно ќе стапите во контакт или врска.

На повлечените мажи им треба повеќе време отколку на другите и со нив треба да бидете многу внимателни за да не ги одбиете од себе.

1. Флертувајте со пораки бидејќи така е поопуштено. На повлечените мажи им е најтешко да го направат првиот чекор во живо, многу им е полесно да започнат разговор преку пораки. Не форсирајте љубовна приказна со него, туку постепено дозволете малку флерт во пораки и следете како реагира.

2. Разговарајте со него за она што го интересира. Целта е да се опушти и да се чувствува пријатно со вас. Срамежливите мажи не се многу зборлести затоа треба добро да внимавате каки теми отворате со него и многу добро да процените како да се однесувате со нив, бидејќи нив им треба многу малку за да се повлечат. Ако најдете тема која е интересна, полесно со него ќе трае муабетот.

3. Пофалете го. Можеби му недостасува самодоверба или потврда од други, посебно ако се однесува на изгледот. Затоа пронајдете соодветен комплимент со кој ќе покажете дека ви се допаѓа, но во исто време да не бидете премногу нападни.

4. Насмевнете се. Знаете како велат ‘насмевката отклучува многу срца’. Кога разговарате во живо секогаш благо насмевнете се за да забележи дека ви е пријатно со него. Така и него ќе му биде пријатно со вас.

5. Слушајте повеќе, а помалку зборувајте. Започнете одредена тема и пуштете го да зборува без да го прекинувате. Не го гушете со своите зборови.

6. Не играјте игри. Повлечените мажи се обично такви, бидејќи во минатото биле повредени. Ако забележи дека подготвувате некоја игра или манипулација, ризикувате да го одбиете засекогаш. Покажете дека сте искрени и дека имате сериозни намери.

7. Не плашете се да го направите првиот чекор. Ако него му е тешко да го направи првиот чекор, зошто вие тоа не го направите? Не е срамота жената да ја почне иницијативата. Ако навистина ви се допаѓа и ако одвоивте доволно време да ви биде пријатно со вас, дајте му до знаење дека ви се допаѓа.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading