Емоционалана дистанца: кога односите ќе заладат

Кога односот ќе почне да се губи и кога ќе престане ‘магијата’ која ги врзува две личности, некои партнери почнуваат да се однесуваат лошо.

Кога ќе се соочат со емоционална дистанца или било каква криза, некои луѓе си заминуваат без објаснување. Другите пронаоѓаат изговори или одбиваат да ги признаат знаците дека односот се приближува кон крајот.

Многу раскинувања не се случуваат одеднаш, преку ноќ. Обично дистанцата помеѓу две личности е суптилна, лесна, но постојано расте додека двајцата не одлучат да ја прекинат врската. Првиот знак е дека повеќе немате чувство на партнерство, не правите работи заедно, не се забавувате како некогаш, не се смеете заедно и го избегнувате гледањето во очи итн. Емоционалното одалечување секогаш боли. Уште е поболно ако една личност и понатаму верува во тој однос. Тоа не значи дека другата личност не страда.

Таа личност често се чувствува виновна или чувствува каење. Во секој случај, едно е јасно: не сме многу добри во завршувањето на односите. Ако успеете да завршите некој однос на добар начин, ќе ви биде многу полесно во следната фаза.

Ако работите лошо завршат, вистината е поинаква, посебно ако мора да се носите со однесувањето кое се нарекува ‘ghosting’ или кога некој нагло ќе исчезне од вашиот живот, без било какво објаснување. Сепак, сите имаме свои алати за соочување со такви искуства, само треба правилно да ги употребиме.

Односите се гасат од разочарување, недостаток на интерес, променливи потреби или различни погледи на светот и животот. Кога пламенот ќе се угаси, влегувате во некој вид на пекол. Не сте сигурни што понатаму да направите, што точно се случило или кој е виновен.

Ако нема јасна причина за прекин на врската, луѓето често се обидуваат да се смират и да продолжат понатаму заедно. Тоа го отежнува цел процес. Го компликува движењето кон новото ниво со достоинство и интегритет. Луѓето често се однесуваат лошо кога ќе почнат да сфаќаат дека нивниот однос се ближи кон крајот.

Погрешни начини за завршување на односот

Не си ти виновен, туку јас’. Тој изговор е толку познат што стана и шега. Тоа го нарекуваме ослободување на другата личност од било каква одговорност. Тогаш најчесто се изговара ‘Заслужуваш подобро’ или ‘Јас не ти давам доволно’. Луѓето тоа го зборуваат за да ја сокријат едноставната вистина дека другата личност повеќе не ги интересира. Колку сурово да звучи, тие повеќе не ја сакаат другата личност.

Скршен замрзнат брег. Стратегијата на замрзнат брег е исто така многу честа. Тоа е кога ќе дозволите односот да се олади или ‘замрзне’, без никаква акција. Ги занемарувате знаците и чекате додека врската не стане како цврста коцка мраз која ќе потоне сама од себе.

Емоционална оддалеченост: тешка раскрсница

Кога односите ќе заладат, тоа значи дека крајот е неизбежен. Важно е да имате на ум дека иако емоционалната дистанца може да ве одведе од другата личност на некое време, тоа не значи нужно дека вашиот однос ќе се прекине. Ако ги имате вистинските алати за решавање на проблемите, можете да ја вратите топлината и искрата назад во некој однос.

Секој однос поминува низ различни фази и бара внимание. Мора да се оддржува и да се храни, ако сакате да расте. Расправиите и проблемите овозможуваат подлабок развој и јакнење на односите.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: