Не ги искажууваат сите емоциите на ист начин. Додека едни секојдневно ги искажуваат своите чувства преку зборови и дела, другите сепак се воздржуваат. Што е подобро од тие двете?
Како жените ќе ги изразат своите чувства кон мажот во голема мера зависи и од нејзиниот успех и самопочитта која ја негува кон себе. Кога жената искажува љубов кон својот партнер, таа му дава ветер во грбот, инспирација и желбата да се биде подобар.
Но, жената не ја искажува љубовта само со ‘Те сакам’ или преку бакнежи и допири.
1. Верувам во тебе. Силната жена можеби нема да биде силна во зборовите и нема да се служи со слатки изјави. Но, секогаш на својот маж ќе му даде до знаење дека верува во него и неговите способности. Тоа е она што мажите сакаат да слушнат на крајот на краиштата.
2. Те разбирам. Силната жена не се дере за да го искаже своето мислење или став, туку отворено го слуша мислењето на својот партнер и му дава до знаење дека го разбира. Таа ќе ги сослуша неговите проблеми и секогаш ќе покаже сталоженост и разбирање. И тоа е нешто што мажите го ценат можеби и повеќе од слатките зборови и ‘Те сакам’.
3. Ќе се потрудам поради тебе. На пример, жената не е во добри односи со мајката на својот партнер. Тој ќе ја замоли да ја прифатат поканата за ручек кај неговата мајка, а таа ќе се согласи поради него. Тоа е доказ на вистинска љубов.
4. Ти си ми поважен од нив. На пример, ако се двоумите дали да излезете со пријателките или со својот партнер на вечера. Ако во таквите моменти го одберете него, тогаш ја докажувате својата љубов.
5. Секогаш сум тука за тебе. Кога мажот ќе почувствува дека ја има подршката на својата жена и дека може да и’ се обрати за било кој проблем, тој е свесен дека пронајде одличен избор.
Да се има таква жена е можеби е поголемо богатство отколку да се има жена која со зборови покажува љубов, а со дела помалку. На крајот на краиштата секогаш е подобро да се искаже својата љубов преку дела, бидејќи делата имаат поголема моќ. Зборовите се кратко ветување, додека делата се остварување на тие ветувања.
Leave a Reply