Мажите бараат женственост и природност: 5 важни правила на заведувањто

Постојат жени кои умеат да го заведат речиси секој маж. Тие ги знаат вистинските тајни. Љубовта почнува со физичка привлечност. За да го заведете мажот кој ви се допаѓа важно е да знаете на кои работи тие обично најмногу им обрнуваат внимание.

1. Држење. Вашето држење ја изразува женската самодоверба, зрелост и сампочит. Ако сте свиткани, собрани, тоа остава впечаток дека имате ниско мислење за себе и дека сте премногу срамежливи или повлечени во себе.

2. Гестови. Прекрстени нозе можеби изгледаат како елегантно држење, но во психологијата е поинаку. Кога ќе ги прекрстите нозете или рацете тогаш другите луѓе добиваат впечаток дека сте недопирливи.

3. Контакт со очите. Очите се комуникациски канал кој игра главна улога при заведувањето. Искористете го тоа! Упатете му на мажот сензуален поглед одважно. Ако ви возвраќа со поглед, не прекинувајте ја таа конекција туку опуштено гледајте, со самодоверба. По неколку секунди тргнете го погледот и насмевнете се.

4. Само насмевка. Насмевката ќе ве подмлади, разведри и истовремено ќе ви даде шарм и сјај. Според статистиките, мажите повеќе сакаат насмеани жени отколку што покажуваат строгост. Нивниот израз на лицето предизвикува благосостојба, опуштеност и пријатна атмосфера. Искористете го ова и упатете една од најблескавите насмевки на мажот кој ви се допаѓа. Тоа ќе го потврди вашето интересирање како сјаен прв чекор.

5. Природност. Мажите сакаат природни жени. Иако денес многу жени се извештачени тоа не е она што сакаат. Шминката е сјајна работа со која можете да ја нагласите својата убавина. На пример со малку маскара и руменило. Но, никако да претерувате со неа. Тоа може да изгледа многу невкусно и одбојно. Затоа секогаш нагласувајте ја својата природна убавина.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: