И младоста и староста имаат своја предност, а многу жени дури кога ќе дојдат во зрели години ќе научат како да ги совладаат своите несигурности, како да престанат да зависат од туѓи мислења и како да се решат од стравот од неприфаќање.
Кога сме млади не знаеме да цениме некои работи. Сакаме што побргу да бидеме возрасни и да побегнеме од родителската куќа за да почнеме да живееме самостоен живот. Дури кога ќе дојдеме во зрели години ќе почнеме да цениме некои работи кои тогаш ни се чинеа неважни.
Првата убавица на Париз, музата и идолот на многу жени Brigitte Bardot искрено зборуваше за тоа како се чувствува кога нејзиното место го зазедоа други помлади и поубави жени. За жените кои ги преминаа 50-тите не е лесно повторно да ја најдат среќата кога нивната убавина и младост ќе почнат да бледеат, кога мажите повеќе не обрнуваат внимание на нив како порано и кога нивните деца веќе одамна пораснаа и имаат свои животи.
Токму во овој период многу жени влегуваат во депресија, а некои од нив користат разни козметички и естетски зафати за да го вратат својот млад изглед и подготвени се да дадат колку што треба пари за тоа.
Без оглед што ги менуваат своите усни, носеви, се обидуваат да ги избришат борите, нивната младост не се враќа. Brigitte Bardot призна дека во нејзиниот живот имало многу подеми и падови и тешки периоди додека не сфати зошто живее.
Често плачеше и не знаеше да најде утеха во ништо, но на крајот се умори од самосожалување и ги прифати своите години. Сфати дека жена со 50 и со 80 години и понатаму има на што да се радува и за што да живее. ‘А за мали работи треба да се живее’.
За зора во 5 часот наутро и залез на сонцето во 5 попладне, за патувања, за возење со велосипед со музика во ушите и ветер во косата, за танц по дождот, за смеење додека стомакот не те заболи. Поради омилените песни и добрите книги, поради насмевка без причина, поради долги разговори, поради колач и чај, поради одмор по долга и напорна работа, поради сјај во очите.
Живејте за ноќни авантури и за ѕвезди кои ве носат дома. Живејте за луѓе кои помнат дека пиете чај без шеќер и мразите лук. Живејте за долги прошетки, за гушкања и нови познанства. За неочекувани подароци и долго очекувано ‘да’…Живејте за мали работи поради кои се чувствувате живи.
Leave a Reply