Сакав да пратам порака. Гледајќи во екранот на мобилниот телефон имав желба да му напишам: ‘Дали си свесен дека за мене беше тој? Оној вистинскиот? Мојот човек?
….Кој се случи во погрешно време..и сеуште е сакан.
Но, не му го напишав тоа. Го оставив мобилниот и потоа некое време гледав во празно. Можам да се лажам себеси и светот дека сум несреќна и посакувам времето да го вратам наназад па да биде нешто поинаку, но јас сум од оние кои живеат свесно, со фактот дека ништо не се случува случајно.
Душите се сретнаа…
Свесна сум дека душите некогаш ќе се сретнат и ќе се препознаат. Ќе се засакаат и од некоја причина имаат нешто друго да проживеат, некоја друга мисија да направат, некоја многу поголема, подлабока, поради која душите повторно ќе се раздвојат и ќе заминат по својот пат и пустоловина. И тоа не значи дека ќе се изгубат сосем од видот. Се среќаваат, повторно од ново, гравитираат една кон друга, ќе се допрат од време на време. Ќе се смеат заедно, се дружат, се сакаат, само таа емоција ја објаснуваат поинаку и продолжуваат понатаму.
И јас тргнав понатаму. Мојата планета заротира за 180 степени од последната средба со него. Постигнав се’ што замислив и се’ за што сонував. Секојдневно одам преку своите граници и создавам мали чуда. Чуда, кои можеби немаше да ги има да постоевме Ние. Долго го сакав тоа Ние, а не се поклопуваше никако. Вселената не’ фрли блиску, па не’ раздвои. Како да сме бродоломци кои се најдоа на отворено море за време на епска бура која не’ носеше час ваму, час таму. Прстите ни се допираа, па новиот бран не’ раздвојуваше и оддалечеше со километри. Долго бевме фрлени во тие води, а потоа пливавме, секој во свој смер. Или јас запливав по својот пат?
Тешко е да се каже. Знам само дека престанавме да се бориме со струјата на животот и пливавме кон некој свој хоризонт. И допливав до брегот сама. Не се прашував зошто е тоа така. Не чувствував дека треба повторно да го препливам океанот само за да го најдам. Немав луда идеја дека тоа треба да го поправам. Само заклучив дека треба да живеам ден по ден. И дека е сосем во ред што во мене живеат преубави емоции, но јас не треба да им робувам.
Долго се прашував зошто токму тој? Зошто на мојата душа му е таман? Зошто се’ во мене се разлева од топлина, како врела карамела, кога ќе му го слушнам гласот? Зошто трепери цело мое тело? Зошто е толку нежно се’ во мене, приврзано на некој човек кој всушност ниту беше тука? Зошто му посакувам се’ најдобро сосем свесна дека можеби многу жени на мое место би го мразеле од дното на душата?
Ти на мојата му даваш мир
Не можев да најдам одговор, само чувствував нешто што никогаш со никој тоа го немав- мир. Со него мојата душа никогаш не се чувствуваше заробено, туку слободно, живо, сакано, она што сум. Никој како него не ме поддржуваше, ниту разбираше. Никој така трпеливо не опстануваше во морето во силна бура и никој не остануваше, само за да биде сигурен дека сум добро. И да ми биде блиску.
Илјада знаци ми покажуваа колку му значам, но неверојатно колку општеството и воспитанието ќе направат со жената, па таа бара љубов и нејзино признавање на строго одреден начин и така всушност се мачи и себеси и него. Не бев ниту јас поинаква. Цело време додека пливав во тоа разбранувано море, од силната борба не можев да ја видам стварноста.
Очекувањата ќе не’ заслепат, како и нашите идеали. Ќе не’ заслепат нормите на општеството, притисокот на семејството и пријателите. Ќе потклекнеме или одиме контра само да му докажеме на некој нешто. Во таа гунгула на животот, сама себеси се запустив. Но, чувствата кон тој човек секогаш се јасни и силни како и првиот ден, пред толку време, што некогаш ќе ме зачуди како нешто така упорно може да живее, иако тоа не го храниме туку само го живееме својот живот.
По тоа знам дека сродните души не се само израз, туку стварност. Постојат, ќе се сретнат, но не секогаш во вистинско време, не секогаш во вистински околности. И тешко е после таква средба еден со друг да се сфатат сериозно и да му се даде прилика. Но, ако сте како јас, трудете се, не живејте заглавени во минатото и надевањата.
Љубовта не може да се најде таму каде не и’ направивме место во себе. Не може да ни покаже дека е веќе тука, бидејќи не ја пуштаме на површина.

Животот пишува приказни. Некои имаат преубави поглавја, некои растат со нас и преку нас. Некои се лекции и завршуваат побргу од почнувањето, бидејќи не им е наменето да продолжат, да траат. Она преубаво секогаш трае, секогаш некако се врти. Такви се и сродните души, никогаш не си заминуваат предалеку. Погрешниот тајминг се менува, бидејќи тие се менуваат, растат, учат, прифаќаат, стануваат подобри луѓе.
Тој навистина беше мој човек во погрешно време, но исто така е мој човек во секој момент од мојот живот, преку улоги кои во тие моменти требаше да ги играме, за да посакаме се’ што ни е смисла на овој свет.
И можев како и сите други да потонам во бездна и да бидам огорчена жена која не верува во љубов. Но, јас одбрав да бидам среќна. И да го сакам без тага и патетика, тажни пораки и море од очекувања.
Ја со полна доверба во Господ, му ја предадов Него оваа љубов да прави со неа што мисли дека е најдобро за нас двајцата. И затоа живеам живот со полни гради. Небото знае кој е за нас, вистинска личност во вистинско време.
by Рита
Leave a Reply