Постојат многу различни врсти на врски и поврзаност помеѓу двајца луѓе. Постои и нешто што се нарекува ‘духовна врска’. Како да знаете дека имате духовна врска со некој? Значи ли дека сте на ист духовен пат како тој некој или е тоа нешто суптилно и тешко за објаснување?
Еве како едноставно да се објасни дали имате духовна врска со некој.
- Ве привлекуваат силно, иако немате поим зошто.
- Имате мисли за нив иако фокусот ви е на нешто друго.
- Таа личност знае да ви ‘падне на памет’ и тогаш вашето расположение се менува во текот на денот, еден момент сте среќни и мирни, а следен тажни. Вашето расположение се менува бидејќи имате врска со нив.
- Со нив се чувствувате како дома, чувството е взаемно, ви се чини дека долго се знаете, иако дури од неодамна се сретнавте.
- Понекогаш добивате чувство кое е неопишливо кога ќе се сретнете, не можете да знаете дали тоа чувство е правилно или не е во ред.
Ова се само почетни знаци на духовна и психичка поврзаност. Меѓутоа, има и повеќе од тоа. Според стручњаците, вашата врска со нив има четири слоја:
Физички слој
Прва е физичката поврзаност, која ја дефинира привлечноста, генетскиот квалитет и потребата за потомство.
Емотивен слој
Емоционалана врска која ја опишува вљубеноста, грижата, чувствата и заведувањето.
Психолошки слој
Третиот е психолошка поврзаност која ја дефинира личноста, системот на вредности, интелигенција и социјалниот статус.
Духовен слој
Четврта е духовна врска за која зборуваме во овој текст.
Можете да имате емоционална врска со некој при што може да биде вклучена и физичката поврзаност, но да не е присутен другиот внатрешен слој или духовната врска. Можете да му се восхитувате на нечија вредност и личност, но да не бидете вљубни во нив.
Можете да бидете вљубени во некој кој има погрешен социјален статус. Тие слоеви се применуваат и на неромантични врски. За да бидете духовно поврзани, мора да постои и четвртиот слој. Многумина, за жал, не се поврзани на тој начин.
За да се знае дека овој слој воопшто постои, потребна е духовна работа и дисциплина. Овој слој е секогаш присутен, бидејќи е вечен и космички. Тој доаѓа потполно природно, ништо не се случува вештачки и на сила. Околу тие луѓе се чувствувате неверојатно сигурно и пријатно.
Односите траат долго и квалитетни се само тогаш кога духовно се поврзуваме. Постојат случаеви кога бараме сродна душа, убедени дека некој е ‘создаден за нас’. Но, наместо оваа вечна потрага, подобар чекор е духовно да се поврзете со некој, и на тој начин да ја запознаете сродната душа.
Leave a Reply