Многу мажи влегуваат во врска за да ја преболат бившата љубов

Никој не сака да биде во врска со маж кој и понатаму ја сака бившата, ама многу мажи сеуште се вљубени, а за тоа не знаат сегашните партнери..

Жените се вистински среќни. Одбрани се со високо ниво на интуиција со кои можат да си помогнат кога треба да сфатат дека нешто се случува. Но, проблем е што многу жени кога ќе се вљубат, овие сигнали не ги слушаат или игнорираат. Дури и најпаметната жена на светот може да пропушти некои сигнали.

На жените не им е лесно да откријат дали мажот работи нешто зад грб или дека нема добри намери со неа. Но, што е со мажите кои влегуваат во нова врска само за да ја преболат старата? Такви има многу и можете да откриете на следниов начин:

1. Постојано нешто ја потсеќа на неа. Можеби тоа нема директно да го каже, но ќе забележи промена на расположението кога ќе слушне некоја песна што го асоцира на неа или можеби ќе ја види на поминување.

2. И понатаму ја спомнува. Дури и ако често ја спомне во лош контекст тоа не значи дека ја мрази. Тоа може да значи дека и понатаму мисли на неа, дури и негува некои чувства.

3. И понатаму се слуша со неа. Можеби вас ви е објаснето дека се во добри односи или дека сакаат да бидат пријатели. Но, факт дека пријателство после романса речиси е невозможна работа.

4. Слуша тажни песни посветени на бившата љубов. Едноставно тоа нема смисла.

5. Ја следи на социјалните мрежи.

6. И понатаму чува нејзини слики. Можеби се тие убав спомен, но попаметно е да ги тргне настрана.

7. Чудно се однесува кога ќе се сретне со неа. Посебно ако дојде до разговор, ако забележите дека се зацрвени или генерално отстапува од неговиот нормален начин на однесување – голема е шансата дека сеуште ја сака.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading