На жените често им е болно да го прифатат фактот дека нивниот брак почнува да се распаѓа и дека пука по шавови. Тие дури тогаш почнуваат да се преиспитуваат себе и своите избори.
Жената тогаш почнува да размислува за тоа дека можеби избра погрешен маж за партнер, дека нејзината љубов повеќе не е ценета, таа повеќе не е убава и привлечна за својот маж во онаа мера во која некогаш беше. Многу психолози сметаат дека мажите не бараат подобра жена, туку жена која е интересна и поинаква или едноставно повторно сакаат да бидат слободни и не сакаат да бидат оптеретени со жена во близина.
Жените од друга страна бараат маж кој нема да ги остави, сигурни дека ќе бидат покрај нив и за десет години. Жената бара маж кој ќе може да ја заштити во физичка, морална и материјална смисла.
Многу жени не знаат како да бидат жени кои мажите нема да ги напуштат, па прават грешки и слушаат бесмислени совети до кои денес лесно може да се дојде. Ако врската е во криза често не постои начин да се спаси. Нема да ви помогнат никакви совети, ниту вашиот совршен изглед за да го задржите мажот кој сака да си замине.
Психологот Михаил Лабковски во едно од своите предавања истакна дека мажите не напуштаат само една врста на жени, а тоа се жени кои се независни, кои се сигурни во себе, кои имаат самодоверба и здрава психа. Лабковски истакнува дека ментално здрава личност во секоја врска се однесува како здрава. Ментално здрава жена не компликува, не се сомнева, нема лоши намери, не измислува и не мисли на други мажи.
Постојат 3 важни работи на кои секоја жена треба да обрне внимание ако сака да биде жена која мажот нема да ја напшти.
- Жената не треба да му се лути на мажот за секоја ситница. Со личност која секогаш нешто приговара и се лути за секоја ситница е многу тешко нормално да се комуницира и да се сложува.
- Жената која мажот не ја остава не се согласува на компромис. Таа живее така како што сака и не сака да се прилагоди на никој.
- Жена со здрава психа се сака себе повеќе од мажот. Ако не се сакате себе, како можете да сакате некој друг? Размислете за тоа дали се сакате себе доволно и почнете што побргу да си давате љубов себеси.
Leave a Reply