Не треба да трчате по мажот, само дајте му причина да не замине

Лошата комуникација е најголем и прв виновник за раскинување на многу парови. Постојат парови кои едноставно се судени еден на друг, но се разделуваат бидејќи не знаат да комуницираат или нивните нерешени комплекси ги тераат на тоа.

Втората најчеста причина зошто многу врски пукаат е затоа што луѓето мислат дека се должни да вложат труд и напор за да функционира една врска, но тоа не е така. На пример, жената не мора да трча по мажот, доволно е да му даде причина да не замине.

Една од најчестите причини е кога во врска еден партнер дава премалку, а другиот дава премногу. Тоа се нарекува ‘едносмерна врска’.

За да биде врската здрава и стабилна потребно е двајцата партнери да вложуваат во неа. Една личност ќе може да го носи сиот терет на таа врска, но не за долго. Како да препознаете дека сте во едносмерна врска? Дали вашето вложување се разликува од она на вашиот партнер?

Колку што давате во својата врска- толку заслужувате да добиете назад. Не дозволувајте луѓето да ве убедат дека вашиот партнер е ‘едноставно таков’. Никој не заслужува да живее во ‘едносмерна врска’ која не му дава она што му е потребно.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: