Талкајќи низ нашиот живот бараме некоја светлина низ срцето на саканата личност. Ги губиме
деновите да ја пронајдеме солзата што ќе ни даде спокој на нашиот пат. Таа непадната солза низ
нашиот образ се крие во нашите очи вешто играјќи се со чувства кои многу тешко се откорнуваат
од тамнината на нашата душа.
Одиме од еден перон на друг, понесувајќи ги куферите за крај, за едно збогум на задоцните молчења, на непреспиените ноќи и минато со без број болни спомени.
Како овенети рози се спротиставуваме на ветерот на вистината, се потпираме на самите
себе како ранети птици во борба за опстанок, но дали секогаш го избираме патот на
спокојот?
Не, тоа никогаш не се случува бидејќи ние сме научени да ги бираме нештата што ги
посакуваме не прашувајќи се како тие ќе влијаат на нашиот живот. Човекот сам си избира да
биде повреден, да се прави дека е слеп пред тоа што го гледа или пак глув во тоа што го слуша, да
замижува на секоја игра која е направена со неговите чувства, да верува во нечиј поглед не
прашувајќи се дали е вистински.
Живееме во неколку моменти кои биле убави но, тоа не е доволно за нашата среќа, не можеме да живееме за еден ден кога ќе сме среќни а другите денови потиштени во тага затоа што некој не ги почитува нашите чувства. До кога ќе бидеме повредувани а за тоа да сме свесни, до кога ќе дозволуваме да се повредуваме себе си ?
Одговaрaјќи на овие прашања ние го одбираме нашиот живот, се будиме од имагинацијата во која сме живееле и ја учиме лекцијата која е напишана на страниците на секој човек. Ете тогаш започнуваме со нов живот, почнуваме нова страница испишувајќи ја со нови авантури.
Сега се прашувам дали сме навистина толку силни за да се спротиставиме на самите себе ?
Кога ќе се најдеме под урнатини на вистината стануваме свесни за сите грешки и некогашните
молчења кои всушност станале истрели во нас. Конечно ја завршуваме приказната со едно ‘Се убив себе си, добредојде новата ЈАС’.
Јована Митровиќ
Leave a Reply