Жената не се предомислува често. Таа или останува или заминува. Кога ќе замине- доцна е да се моли да остане.
Жената е навистина поинаква. Таа можеби ќе биде осудена поради начинот на размислување или поради компликуваниот карактер, но секогаш ќе ги поседува особините со кои само можеме да и’ се восхитуваме. Мажот има навика да си замине, да се врати, да се предомисли, да се обиде повторно..
Тој лесно ќе премине од една во друга врска, а уште полесно ќе се предомисли и ќе се обиде да се врати кај жената која веќе еднаш ја напушти. Жената е сосем поинаква. Таа не заминува ако не е сигурна и не се предомислува. Таа ќе остане покрај мажот и ќе му даде сто шанси.
Кога размислува да замине, кога ќе сфати дека љубовта исчезнува, кога во таа врска повеќе не се гледа себе, кога во таа врска не гледа иднина- таа и тогаш ќе остане. Ќе чека работите да се сменат, ќе чека емоциите и љубовта да се вратат. Ќе чека некои показатели да и’ кажат дека за таа врска сепак треба да се бори.
Ќе ги чека знаците на внимание со кои мажот ќе покаже дека не сака да оди од него. Но, кога ништо од тоа нема да добие, кога ќе ги помине сите тие сто причини зошто остана, преостанува само едно- да си замине. А жената кога ќе замине- е само еднаш.
Жената не се враќа и не се предомислува, бидејќи претходно ги даде сите можни шанси за таа врска и на тој човек. Кога таа ќе сфати дека единствена опција е да си замине, тогаш бидете сигурни дека даде се’ од себе тоа да функционира. Жената не се откажува туку така, посебно не од љубовта.
Жената не заминува за да сфати дали треба да се врати, таа останува за да сфати дали за нешто треба да се бори. А кога ќе видите дека го преминува прагот и заминува, тогаш е доцна да молите да се предомисли. Ги исцрпи сите можни залихи на простување и обиди, па е бескорисно да барате од неа било што друго.
По природа мажот е ловец, а жената чувар на огништето. Таа нема да го напушти домот само затоа што мисли дека тука повеќе нема среќа. Таа ќе остане во тој дом и ќе ги даде сите можни прилики да ја задржи. А ако во тој дом нема повеќе ништо што ја задржува- таа заминува.
Не очекувајте дека ќе се покае. Не играјте на карта на сожалување за да ја вратите. Таа ви ги даде сите можни шанси, вие не знаевте да ги искористите.
Leave a Reply