Многу жени се изненадени кога ќе дознаат дека мажот им бил неверен од причина што често не гледаат или одбиваат да ги видат знаците кои им претходат на неверството.
Многу жени се преправаат дека не гледаат што се случува во нивната врска од причина што мислат дека така ќе се заштитат од болка. Кога сме уплашени, повредени или под голем стрес, нашиот мозок има функција да се префрли на процес на негирање.
Тоа е одбрамбен механизам кој ни овозможува да го прифатиме само она што можеме да го поднесеме кога ќе почувствуваме голема болка. Нашиот мозок едноставно ги игнорира некои информации за да не’ заштити. Негирањето исто така може да ни помогне да избегнеме некоја трауматична ситуација.
Тоа го намалува и шокот во некои ситуации кои тешко можат да се обработат. Често ни е потребно време за да ја надминеме трауматичната ситуација, но никако не смеете да дозволите негирањето да трае предолго. Ако потрае подолго од 2-3 седмици, мора да соберете сила да се соочите со вистината колку и да ви е тешко.
Ако мислите да го негирате неверството на својот партнер, овие пет начини ќе ви помогнат да се соочите со вистината.
1. Верувајте дека можете тоа да го поднесете. Сознанието дека сте изневерени може да биде многу болно искуство, но тоа не е нешто што ќе трае засекогаш. Секоја болка трае само привремено. Еден ден можете да почувствувате голема тага и бес, но веќе другиот ден можете да почувствувате олеснување. Иако понекогаш мислиме дека не можеме да поднесеме некои работи, вистина е дека можеме. Кога ќе сфатите дека можете да поднесете се’ што животот ви сервира, ќе видите колку сте силни навистина.
2. Фокусирајте се на факти. Кога нешто порекнуваме, ние всушност работите јасно ги гледаме, но не можеме да ги поврземе. Ако имате било каков сомнеж дека партнерот ве изневерува, размислете малку за сите достапни факти. Дали видовте некои знаци, дали видовте некои сомнителни пораки?
3. Слушајте ја својата интуиција. Жените се повеќе интуитивни од мажите и лесно можат да почувствуваат кога нешто не е во ред. Дури и да немате докази со кои можете да ги оправдате вашите сомнежи, мора да обрнете внимание на ‘нешто’ што ви зборува дека е сомнително.
4. Знајте ја својата вредност. Многу жени го игнорираат неверството на својот маж, бидејќи се борат со внатрешниот проблем на сопствената вредност. Мора да поработите на својата самопочит и да не дозволувате судирот со мажот да ве обесхрабри и влијае на вашата самопочит. Ако вашиот маж не го почитува ветувањето кое го дадовте еден за друг, тогаш тој не ве заслужува.
5. Не губете верба во подобра иднина. Не е лесно да најдете храброст и да се соочите со вистината, посебно кога ќе сфатите дека тоа го негиравте долго време. Но, верувајте дека на крајот сепак ќе бидете среќни, што не се согласивте да живеете во лага. Запомнете дека секогаш е подобро грда вистина од убава лага.
Leave a Reply