Како да се стане имун на навредливи коментари

Опкружени сме со луѓе кои ни3 глумат пријатели и добри намери а всушност се’ што сакаат е да не’ навредат.

Однесувањето на другите луѓе во голема мера влијаат на нашето расположение. Но, од нас зависи во која мера ќе не’ допира. Вашета емоционална благосостојба за жал зависи од другите луѓе. А тоа влијание можете да го намалите на минимум ако успеете ментално да зајакнете.

Нашите психолошки насоки можат да ви помогнат во тоа ако ги имате следните работи на ум:

Бидете свесни дека вие одлучувате колку туѓите зборови ќе ве повредат. Никој не може да влијае на вас без вашата согласност. Со други зборови, само вие одлучувате каква ќе биде вашата реакција на туѓото мислење. Она што другите луѓе го мислат за вашите одлуки не треба да значи ништо, бидејќи тоа не е нивни живот, туку ваш.

Другите сакаат да разбудат сомнеж во вас. Некои луѓе себеси се сметаат за стручњаци за апсолутно се’. Такви личности се со намера да предизвикаат кај другите чувство на несигурност, сомнеж и иритација. Обидете се да не обрнувате внимание на таквите луѓе, бидејќи во вашиот живот ќе внесат само разочарување и незадоволство.

Ве допира туѓото мислење бидејќи немате верба во своето. Не бидете премногу сомничави кон својата интелигенција и кон одлуките кои ги носите. Па што ако згрешите? Па што ако вашата одлука е глупа и другите беа во право? На крајот на краиштата, каков и да бил исходот, секогаш ќе знаете дека направивте како сакавте и мислевте, отколку другите да ви кажат како треба. Живејте по свои правила, почитувајте ги своите мисли и дела и не ги слушајте другите како паметуваат. Другите сакаат да се споредувате со нив. Фокусирајте се на она што можете да направите за да го продолжите растот и развојот. Запомнете дека вашите потенцијални достигнувања во одредена мера зависат од вашите уверувања.

Туѓите добри намери земете ги со резерва. Имајте на ум дека не сакаат да помогнат сите кои ви нудат помош. Анализирајте кој на крајот ќе има корист од помошта која ви ја нудат и која ја добивате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: