Мажот ‘Заводник’ и 4 фази на неговите смислени заводнички игри

Добриот заводник на почеток ќе ја наведе жртвата што повеќе да каже за себе за подоцна тоа да го злоупотреби, а во ерата на Фејсбук заведување, лесно може да се стигне до потребните информации.

Какви се личностите заводници? Секој маж на кој ќе му кажеме дека е заводник и шармер, веројатно тоа ќе го доживее како комплимент. Но, дали е навистина така?

Мажите заводници се најчесто емотивно површни личности, неспособни за воспоставување на подлабоки интерперсонални односи ниту со еден пол. Најголемиот проблем на заводникот е чувството на недостојност. Тој се плаши да ги открие своите несовршености, а сепак никој не може да биде толку добар да ги достигне неговите замислени стандарди. Во страв се да продрат во хаотичниот круг на емоции бидејќи можат да бидат повредени. Подобро да повредат отколку да бидат повредени е одлика на нарцисите. Всушност, тие немаат остварен здрав контакт со мајката, а тоа се покажува и кај заводниците кои така се окарактеризирани низ минатото.

Заводникот сака да е моќен, но својата моќ не сака да ја дели. Меѓутоа, делењето на моќ е клуч за опстанок на врската како цврста и здрава. Треба да се има на ум, штом односот е толку ‘wow’, треба да се застане и да се почека. Контролирајте ги своите мисли и емоции и мислете со својата глава. Верувајте му на своите очи, а не она што тој ќе ви го каже.

Заведувањето е вештина со чија помош заводникот ја отргнува личноста (жртвата) од стварноста и ја наведува да се раководи со привиди. Неговите способности се состојат во тоа – без образложение ја наведува жртвата да мисли, одлучува или се однесува потполно поинаку од она што се чини спонтано. Тоа се постигнува со манипулација, а познато е дека заводниците се многу вешти манипулатори, имаат грандиозно его и воглавно нарцистичко пореметување на личноста.

Бидејќи се многу добри говорници, во првата фаза на заведувањето тие ја користат способноста на уверување. И тоа дека личноста е слободна, дека заслужува подобар живот, дека е најубава личност на светот, дека е интересна, дека никогаш не сретнале така интересно суштество, а сето тоа го покажуваат со голема посветеност и интерес, како жртвата да е најважна на светот. Сето замајување се насочува кон емоциите кои жртвата ги има, ги бранува тие емоции, а таа се чувствува посебно, избрано, верува во секој негов збор, бидејќи тој навистина се труди да ја одглуми совршено секоја своја реакција.

Добриот заводник на почеток ја наведува жртвата што повеќе да каже за себе за да може подоцна тоа да го злоупотреби. Тие го знаат најлесниот начин да се придобие жртвата, добро ја познаваат женската психологија и знаат дека жените сакаат со уши. На едноставен начин доаѓаат до сознание како жртвата се чувствува, па потоа бараат начин жрвата да се чувствува уште подобро. Делува како да знаат да им ги читаат мислите на другите, што предизвикува ‘wow’ и во такви околности, жртвата најчесто се вљубува.

Меѓутоа, заводниците немаат емпатиски капацитети, нивните емоции се научени и доаѓаат од когнитивниот дел. Она што зборуваат не го чувствуваат, но жртвата има доживување дека потолно ја разбира и се отвораат уште повеќе. Се создава чувство на доверба, а за жените довербата е многу важна во односите и малку по малку, паѓаат под влијание на заводникот и доаѓаат во втората фаза на заведувањето.

Другата фаза на заведувањето подразбира дека жртвата сега интелектуално е потчинета на заводникот, а нему пак тоа му дава моќ над жртвата. Жртвата е во почетокот фасцинирана со таа моќ која заводникот ја има над неа и не забележува дека се работи за подмукло делување во која и’ се одзема критичкото размислување, па според тоа и било каква побуна. Во оваа фаза е тешко да се прекине со таков однос, бидејќи жртвата е веќе потчинета и паѓа под влијание на заводникот. Затоа овој однос, најбезболно е да се запре во првата фаза.. Но, ретко која жена станува свесна дека нешто не штима и доброволно се согласува на следната фаза на заведување.

Третата фаза станува заканувачка за жртвата. Тоа е фаза на ‘лудило’. Заводникот не се интересира за емоционалната состојба на својата жртва, а тоа е непризнавање на нејзиниот идентитет.. Тогаш го покажува своето вистинско лице.

Четвртата фаза на заведување е т.н. ‘Down’ фаза и во неа жртвата секогаш е оставена, но на еден нечовечки и суров начин. Без предупредување, без разговор и без било каков знак. Во оваа фаза заводникот ќе исчезне. Иако ќе се каже дека некој бил жртва поради своите слабости и недостатоци, сепак, заводниците ги бираат своите жртви поради она што имаат, а што заводникот сака да присвои. Жртвите воглавно се полни со енергија и животна радост и заводникот всушност како да сака да ја приграби за себе таа нивна сила.

Кога жртвта на заведувањето повеќе не може да се лаже себе и кога не може повеќе да ги затвора очите пред фактите, веќе е доцна и многу е тешко да се излезе од тој однос.

Заводниците го покажуваат своето вистинско лице: безчувствителни се, машини кои имаат лажен сјај и штом жртвата не може да биде нивно огледало кое дава сјај на нивната позитивна слика- тие исчезнуваат Повеќе не се гледаат и одат понатаму во потрага за друга жртва.

И жртвите на вакви заводници често се на крајот депресивни, а ако на некој му се пожалат, нападнати се, бидејќи нивните избраници глумат совршени мажи пред другите.

извор: aura.ba

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: