Некои жени се родени низ животот да патуваат сами

Не се сите создадени да живеат и патуваат низ животот во пар. Некои се приказна за себе и такви треба да останат.

Тие жени луѓето веднаш ги осудуваат врз основа на своите ставови и мислења, што е многу погрешно. Како жена која одлучи да живее сама, се сретнав со многу осуди, плукања и негодувања на другите луѓе. Не ми е јасно зошто другите луѓе се толку огорчени поради мојот избор.

Зошто некои луѓе, посебно оние кои површно ме познаваат, се толку сигурни во себе што отворено смеат да кажат дека жените како мене се многу глупи? Најчести коментари со кои се сретнав се- ‘Твојот живот нема да има смисла ако живееш сама’, ‘Што ќе правиш во староста без никој?’ ‘Мора да имаш партнер за да не ти биде досадно во животот’..Се наслушав се’ и сешто, но речиси ниту еден позитивен коментар кој ја поддржува мојата одлука. Не се плашам дека ќе бидам сама во староста.

Одлучив да живеам сама бидејќи така мене ми одговара. Живеам по свои правила, на начин на кој јас сакам. И сфатив дека најлошо коментираат оние кои ми завидуваат на мојот начин на живот.

Ме осудуваат жени кои живеат во несреќен брак и остануваат во тој брак бидејќи мислат дека така мора. Токму овие жени кои не можат да издржат подолго од два часа со својот сопруг, мојот начин на живот го исмејуваат и понижуваат.

Некои жени едноставно се создадени низ животот да патуваат сами. Многу жени се плашат токму од туѓите осуди, па остануваат врзани во врски во кои се чувствуваат несреќно и заробено. Животот е прекраток за да го трошите на секојдневие кое не ви одговара.

Имате право да живеете како сакате, по свои правила и по своја мерка. Не се плашете што ќе кажат другите, бидејќи другите луѓе најмногу ги осудуваат оние на кои најмногу им завидуваат.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: