Што помалку илузии создавате по прашање на романтичните односи, тоа помалку ќе бидете несреќни и повредени.
Ова се некои од непријатните вистини за врските за кои се зборува:
1. Љубов нема само една вистинска. Тие приказни дека човек сака само еднаш се приказни за мали деца. Човечкото срце е големо и способно да сака одново и одново. Секоја љубов е поинаква. Секој однос со друг човек е поинаков и секој го сакаме на свој начин. Тоа не значи дека некој можеби не го сакавме, туку дека го сакавме поинаку. И после најголема љубов човекот може да засака уште посилно. Не им се препуштајте на стереотипите.
2. Не сте во врска поради партнерот, туку поради себе. Не ги ставајте неговите потреби пред своите и не чекајте тој да ве направи среќни. Изградете среќа на сопствените дела, а не на вашиот партнер.
3. Ако не се чувствувате сакано во таа врска, тоа е ваш проблем, а не проблем на вашиот партнер. Ако не ви одговара она што вашиот партнер ви дава тогаш заменете го партнерот наместо да се трудите да го промените.
4. Ако личноста не може себе да си создаде среќа, тешко дека ќе може било кој друг. Човекот треба сам себе да си создаде среќа, врската само ја надополнува.
5. Вашата љубов за двајцата не е доволна. Ако имате еднострана љубов, порано или подоцна ќе се уморите од тоа. Тоа е само одолговлечување на врска која нема иднина. Или сакате двајцата или не сакајте воопшто.
6. Промените не доаѓаат сами од себе. Ако некои работи ве вознемируваат кај партнерот во неговото однесување, ако нешто не ви одговара, тогаш мора да си верувате себеси и на своите чувства. Не чекајте работите да се сменат сами од себе, туку работете на тоа заедно со вашиот партнер. Ако тој не сака да се менува- веројатно ќе мора да го замените.
7. Бидете свесни дека се’ може да се промени во секој момент. Колку и да е силна врската, среќна, се’ може да се смени преку ноќ. Не се потпирајте само на врската. Не дозволувајте да се изгубите во неа. Живејте урамнотежен живот и секогаш ставете се себе на прво место.
Leave a Reply