Не ти е гајле за мене, туку се грижиш дали сеуште имаш пристап до мене

Телефонот ми ѕвони доцна попладне. Го проверувам екранот, гледам свети твоето име. Знам дека нема да се јавам. Не ми е смешно. Не се чувствувам добро..Мојата внатрешна Божица сигурно не танцува од радост. Веќе почнувам да се нервирам.

Да, искрено сум изнервирана. Дел од мене се прашува- Дали ти знаеш или едноставно не разбираш? Дали можеш да бидеш толку полн со себе? Веќе знам што сакаш. Нема ниту да ја отворам твојата порака веднаш. Без читање, сигурна сум дека можам речиси да погодам од збор до збор што имаш да ми кажеш. Добро ми оди.

Не – јас и ти не сме како што треба и искрено баш ми е гајле. Не се грижиш за мене или како сум. Помина толку време како не прозбори со мене, но знам дека фразите ‘ми недостигаш’ и ‘ми требаш’ играат на врвот на јазикот, чекајќи право време да ги направиш впечатливи, само за да дознаеш дали имаш пристап до мене.

Знам во мислите се прашуваш три работи: Дали ќе ти одговорам? Дали ќе ти се вратам? Дали ќе ти покажам дека и понатаму си ми драг? Не. Одговорот е Не на се’ што мислиш да ме прашаш. Повеќе не ти е достапно. Толку си трансапрентен, што можам да го мапирам секое твое движење пред тоа да го направиш.

Затоа и не се изненадив на твојата порака и понатаму во ист временски оквир во кој секогаш ја праќаш. Исто така не сум воопшто изненадена ни од секоја фраза која дојде, наместо нормален разговор и секоја привремена емоција која ја искажа.

Јасно е дека немаш доволно почитување кон мене и дека не ги земаш во предвид моите чувства. Зошто да те почитуваам? Зошто треба да правам да се чувствуваш добро, а јас да се чувствувам лошо? Мислам, не е твоја одговорност да се чувствувам достојна, но сигурно не мораш да се трудиш да се чувствувам вредно. Не си посупериорен од мене.

Зошто да ти удоволувам и да правам да се чувствуваш привлечно, додека јас со тебе да се чувствувам лошо? Искрено, толку си збунет во себе, што е тешко дури да се гледа ова што го правиш. Зошто да ти правам друштво кога се чувствувам осамено кога сум со тебе?

Добро се снаоѓам и сама, не ми требаш таков. Совршено сум добро и не ми требаш, а и јас не ти требам тебе. Или можеби јас сум ти потреба. Твојата гордост никогаш не ти смета кога проверуваш дали и понатаму имаш пристап до мене. Голема е штета што немаш ниту една чиста емоција, што само сакаш да го оствариш она што си наумил, не земајќи ги туѓите чувства во предвид.

Не, овој пат не. Пристапот е одбиен.

Елена

Leave a Reply

Up ↑

%d