Осаменоста почнува кога ќе се изгубиш себе

Многу жени се сами. Децата заминуваат по својот пат и се во зрели години, имаат свои семејства, а мажите ги изгубиле или се разведени.

Некои жени не можат да ја прифатат својата осаменост и тешко се борат со самотијата, додека другите уживаат во својата осаменост. Што е тоа што осамените жени можат да очекуваат во староста. Паоло Коељо има три цитати кои многу објаснуваат.

1. Осаменоста почнува кога ќе се изгубиш себе. Осаменоста не е секогаш лесна за објаснување. Осамена може да биде личноста која сама се упати на патување за да ги запознае другите култури и други луѓе. Иако е сама, таа не е осамена. Иако покрај себе нема други луѓе, таа ја чувствува нивната љубов и не само нивната, туку ја чувствува љубовта на луѓето кои ги среќава на своите патувања.

Осамена личност може да биде и онаа која има деца и маж, но сепак се чувствува осамено без оглед на нивното присуство во својот живот. Тие чувствуваат како никој да не ги сака, не им посветува време и никој не сака да ги сослуша и слушне. Ако се чувствувате така, мора да се научите да се слушнете себе. Личноста е осамена само тогаш кога нема да се слушне себе, не знае што сака од својот живот. Многу жени дури во зрелата доба сфаќаат дека не се познаваат себе, не знаат што сакаат и посакуваат. Ако сакате да ја пронајдете својата слобода, мора да бидете во сосотојба да се слушнете себе.

2. Ако не најдете сила да бидете среќни сами со себесекогаш ќе бидете осамени и зависни. Ако не сте поврзани сами со себе, сто проблеми ќе почнат да ве прогонуваат. Да се запознае својата личност без помош на другите не е лесна работа и не се охрабруваат сите да одат по тој пат. Што може да очекува жена која нема храброст? Таква жена ќе се бара себе во другите и ќе ги обвинува другите за својот живот. За жената е многу важно да најде маж покрај кого ќе процвета, а не некој на кого ќе ја префрли одговорноста за својата среќа.

3. Личноста која се чувствува добро е заштитена од грешки. Жената мора да биде во состојба да се избори со својата осаменост и да ја превземе контролата над својот живот. Не смееме да си дозволиме себеси видот да ни биде замаглен и да бираме погрешни партнери, погрешни пријатели или да правиме притисок на децата повеќе да ни посветуваат внимание.

Жената која се чувствува добро во својата самотија е жена која се запозна себе и која конечно сфати дека нејзината среќа зависи само од неа самата. Таква жена нема да бира погрешни партнери и нема да се опкружи со лажни пријатели. Таква жена нема да очекува од своите деца да ја направат среќна туку таа самата ќе се усреќи себе. Кога жената е задоволна сама со себе таа добива неверојатна сила да ја препознае таа личност во себе. Таа не бара од другите да ја спасат. Таа е способна да се спаси себе. Таа не се плаши од осаменост ниту сега, ниту во староста..

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: