Победата се создава од најголема болка

Дали останува било што освен безнадежност и очај, губење на волја за постоење? Свесни сме дека некој ќе ни препорача психолог, меѓутоа тој нема да ги решат нашите проблеми, безбројни порази.

Што ако паѓаш, потоа повторно стануваш, но некое зло повторно те повлекува на дното во жива кал? И се гушиш во таа неволја, грлото ти кравари, се бориш за воздух. Ситуацијата е конфузна, безизлезна, проблем до проблем. Банкрот, болест, смрт, се закануваат во ист момент.

Ако знаеш дека некои луѓе те истребија од лицето на земјата и ако знаеш дека ќе им биде драго што се распаѓаш. Можеби ќе бидат оние кои ќе ти помогнат сама да се фрлиш во бездна. И тогаш сама себеси ќе си кажеш, подобро не, подобро сама ќе страдам, па што ќе биде, нека биде.

Знаеш за психолог и психијатар, но дали може тој да те врати мртов од гроб, дали може да направи детето да стане од болничкиот кревет и да се игра со другарите. Може ли да спречи, бившиот маж, кој е насилник, повеќе да не те малтретира? Може ли да го отплати кредитот, може ли да ти најде работа без мобинг, може ли да направи да останеш бремена по дваесет обиди, може ли да спречи твојот маж да престане да те изневерува?

Може ли духовник или некој исцелител да направи чудо и зошто сите одеднаш зборуваат за чудото на позитивната вибрација? Може ли некој да каже како да се најде сила за позитивно размислување, за нормално расудување додека се’ се руши, додека се’ гори.

Утеха постои, бидејќи најслабите и наповредените се издигнале од пепел, преболеа. Ги исцелија своите рани и непрестано слушаш такви зборови, луѓето те тапкаат по рамена и зборуваат дека твојата неволја не е најголема, дека секогаш постои полошо.

Од друга страна гледаш како лошите и лигушите поминуваат полесно, како се провлекуваат и своите грешки ги претвораат во победи. Врз основа на својата алчност и бахатост добиваат се. Се враќаш дома и го прашуваш Бог и Универзумот, зошто јас мора толку да страдам, зошто се’ на мојот грб падна и дали постои излез?

Решение постои- или ќе дозволиш оваа неволја да те уништи или ќе водиш војна со неа, праведно и достоинствено. Без борба нема ништо, затоа бори се до последна капка крв. Ако умреш, барем ќе имаш причина зошто го даде последниот атом сила.

Колку и да е тешко, не смееш да се предадеш. Да се соочиш со своето предавство, гледај го право во очи, немој да бегаш од него и да го избегнуваш тој проблем. Ти тоа го можеш. И за оваа борба не постои никој друг кој на така величенствен начин ќе победи како ти.

Ружица

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: