Постои фаза на љубовта кога сакате духовно…

Постои фаза на љубовта кога сакате духовно. А кон саканиот се однесувате како кон најскапиот древен порцелан- се плашите да не се оштети. Затоа, едвај го допирате. Не се допираат телата, туку душите.

Најнежна работа на светот. И се плашите да не го повредите ниту со збор, ниту со интонација. А го гледате човекот- му се восхитувате. И секој здив на тоа суштество ви е драг. Секое чукање на срцето. Живеете само за него, дишете за него, иако е се’ исто секој ден. Но, се’ има смисла. Се’ е осветлено со светлина. И нема ниту тага, ниту страв ако постои таква личност.

Ова е посебна врста на љубов- кога душите се сакаат. И ретко во земскиот живот таква љубов е брак или врска. Често таа личност е далеку. И сите обиди да бидат заедно се залудни. Затоа што се веќе заедно, потполно духовно сплотени. Дури и во сон. Не е можно да бидат поблиску.

Душата ја љуби душата. Но, тие души се така нежни. Така ранливи, два бели галеби заедно летаат високо на небото, синхронизирано. А другото е земски живот. Во кој не мора да живеете заедно, за да не се повредите.

Тоа е духовна љубов. Тоа е наговестување на вечна љубов, која ќе постои и во другиот свет. На небото- каде летаат два бели галеби.

Ана Валентиона Кирјанова

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: