Иронично е што многу луѓе посакуваат да запознаат личност со која ќе поминат цел живот а не се свесни дека веќе ја запознале.
Нашата сродна душа можеби е дел од нашето минато. Како е тоа можно? Многу духовници веруваат дека сите средби се случуваат во одредено врме и тоа зависи од нашата состојба на умот како понатаму работите ќе се одвиваат. Некои луѓе ја избрзуваат љубовта со погрешните, а некои се едноставно незрели да увидат дека вистинската личност е пред нив.
Кога набрзина се вљубувате, всушност влегувате во врска само за да не бидете сами, а тогаш ризикувате да ги изгубите насоките за патот кој ви е наменет. И кога ќе одлучите да останете во таа врска, одлучувате да останете во непотполна врска која можеби му беше наменета на некој друг.
И тоа само затоа што не одбравте да чекате. Судбината може да не’ однесе на некој нов пат во најнеочекуван момент. Токму тоа се случува кога ќе ја сретнете сродната душа, но во моментот кога уште не сте подготвени за сериозна врска.
Кога таква личност ќе се појави во вашиот живот, вашето срце истиот момент ќе се исполни со жалење што не ја запознавте порано (или подоцна), кога нејзината појава совршено ќе се вклопи во вашиот свет. Проблемот лежи во човечката несигурност. Некои ќе ја запознаат својата сродна душа, а се плашат да направат поголем чекор.
И тоа често поради онаа реченица ‘Што ако постои некој подобар’. И така чекајќи некој подобар, ќе изгубите некој навистина прекрасен. И тогаш кога ќе остарите ќе сфатите каква грешка сте направиле и ќе се покаете што вистинската личност ја запознавте во погрешен момент.
Никогаш не знаете дали некој ќе биде најголема радост или најголема жалост на вашиот живот. И не можете да знаете додека не пуштите на времето да покаже. Времето игра голема улога во тоа. Иако е тоа тешко да се прифати, средбата со судбинската личност во погрешно време веројатно ќе ве натера да почувствувате дека таа личност е вистинска за вас.
Но, тоа не е крај на светот. Наместо да жалите поради загубата, бидете благодарни што запознавте личност која ви покажа што е вистинска љубов. И следниот пат кога патиштата ќе ви се вкрстат, ќе бидете подготвени за оваа средба и ќе знаете подобро да цените некои вистински личности.
Leave a Reply