Од машки агол: Егото ни е поважно од жените

Многу мажи кои се поигруваат со жените и нивните срца и не сакаат сериозна врска со нив. Зошто мажите тоа го прават и зошто не ги почитуваат женските чувства?

1. Го хранат своето его. Постојат мажи кои дозволуваат нивното его да ги води, што понекогаш излегува од контрола. Тогаш кога мажот се игра со вас, тој го храни своето его што му дава чувство на моќ во врската.

2. Има ниска самопочит. Ниската самопочит и егото се тесно поврзани. Многу мажи играат игри бидејќи не се сигурни во себе и мислат дека не се доволно добри. Ако забележите дека мажот има проблем со самопочитта, можеби ќе можете да го уверите дека се’ е во ред и дека сте еднакви.

3. Нови се во ова. Многу мажи играат игри бидејќи се незрели и немаат искуство во врска. Тие не знаат на вистински начин да ви се приближат или собрале некои многу лоши фори од своите пријатели.

4. Сака само да ве одвлече во кревет. На некои мажи единствена цел им е да ја одвлечат жената во кревет. Тогаш ќе се користи со разни игри за да добие тоа што сака.

5. Тешко му е да се отвори. На некои мажи им е полесно да се поигруваат со вас отколку да бидат отворени и да кажат она што мислат и чувствуваат. За нив е тоа посигурно отколку да покажат чувство и ранливост.

6. Тоа е некој вид на самоодбрана. Многу мажи кои биле повредени во минатото се поигруваат со жените за да се заштитат себе. Тоа е за нив некоја врста на самоодбрана. Ако тој маж сепак ви се допаѓа, бидете трпеливи со него, еднаш ќе попушти и ќе престане да игра игри.

7. Тоа му е забавно. Некои мажи се поигруваат со жените од забава, но некои мажи исто така мислат дека тоа така функционира бидејќи не навикнале на поинаку.

8. Не е заинтересиран за себе. Ако навистина му се допаѓате на мажот, тој нема да си игра со вас. Но ако продолжи да си игра и да ве повредува, нему едноставно не му сте важни.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading