Бидете внимателни- Многумина го мразат туѓиот успех

Во денешно време да се има некој за пријател е вистинска реткост. Пријателствата некако станаа површни и се’ се сведува на меѓусебна корист. Ако не сте богати и ако немате дебели врски на никој не му требате. Овие денешни пријателства станаа како договорени бракови. Во таков брак две личности живеат заедно, но секоја тежнее кон своите цели. Дури и ако имате пријател со кој пораснавте и кого добро го познавате, тоа не значи дека ќе му кажете баш се’.

Ошо верува дека постојат две многу важни работи за кои не треба да разговарате дури ни со најблиските пријатели.

1. Еден чекор од пријателството е омразата. На своите пријатели никогаш не им зборувајте за своите тајни, дури и ако мислите дека е тоа единствен начин да се зближите. Секогаш внимавајте што зборувате и држете го јазикот за забите. Вистинскиот пријател ќе ве повика за да ве праша како сте, бидејќи сака да знае дали добро живеете. Никогаш не зборувајте за својата финансиска состојба со никој. Луѓето се многу завидливи, имајте го тоа на ум. Ако вашиот пријател не се откажува и го потенцира разговорот за пари, кажете дека малку заработувате. Нему ќе му биде потешко, а вие ќе бидете многу помирни. Поголемиот број на луѓе го мразат туѓиот успех и не можат да се носат со тоа.

2. Не зборувајте лошо за другите. Ошо верува дека ако зборувате лошо за другите зад нивниот грб, дека е тоа особина на слабите. Ако не ви се допаѓа нешто кај некоја личност, кажете му го тоа лично. Запомнете дека луѓето тешко прифаќаат туѓ успех. Затоа ако правите планови не зборувајте за нив. Луѓето можат да ви го расипат тоа. Покажете ги своите достигнувања, но не се фалете со нив за да не разбудите завист во луѓето.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: