Како да се препознае жената која сака да ви го ‘украде’ мажот?

Флертот е стар колку и човештвото. Тоа означува комуникација без зборови и ги искажува нашите чувства кон некој.

Мажите не го читаат така добро женскиот флерт како што жените го читаат машкиот. Но, исто така жените можат многу лесно да го забележат флертот на другите жени. Тоа е многу корисно бидејќи можеме да забележиме ако некоја жена флертува со нашиот маж.

1. Долг поглед полн со самодоверба. Кога ќе забележите дека жената отворено го гледа мажот директно во очи, при тоа не се посрамува или не го трга погледот – тогаш можете да бидете сигурни дека тој маж и’ се допаѓа. Гледањето во очи е работа на култура, но само личноста која ни се допаѓа ја гледаме директно во очи без престан.

2. Постојано смешкање. Ако жената често се смее на секоја изјава на мажот- тоа може да значи дека и’ се допаѓа. И ова може да биде работа на пристојност, но ако се смее дури и на глупи фрази, големи се шансите дека е вљубена до уши.

3. Ги допираат ушите или вртат прамен од косата околу прстот. Ова е необснет феномен. Никој не знае зошто жените тоа го прават, најчесто е на несвесно ниво.

Некои психолози сметаат дека жената води сметка за своето држење кога се наоѓа во друштво на маж кој и’ се допаѓа. Што значи дека секогаш грбот ќе го држат исправен и градите високо подигнати. Овие најчести трикови на флертување на жените можеби ќе ви помогнат да забележите ако некој се обидува да флертува со вашиот маж.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: