Почнува периодот на Рибите. Што не’ очекува?

Во овој период ќе се свртиме кон креативноста, уметноста, песни, танц, поезија, фотографија, медитација, суптилност, трансцендентали светови, поголеми сосотојби на свеста и повисоко Јас. Овој период не е на материјален туку на духовен.

Овој период е на Рибата, но е поволен за Раковите, Шкорпиите, Биковите и Јарецот, а неповолен за Близнаците, Стрелците и Девиците. Другото е неутрално.

Оваа година периодот на Рибите ќе биде посебно поволно и среќно бидејќи во него се наоѓа Јупитер со кој владее и кој е најсреќна планета. Можно е кога се’ околу нас гледаме црно и не можеме да пронајдеме излез од некоја ситуација да дојде до интеревенција ‘од горе’ и поголема сила и тркалото на среќата да се сврти.

Рибите се последниот знак на зодијакот и претставуваат завршеток на циклусот. Астролошката година почнува со пролет и влегувањето на Сонцето во знак на Овен, а циклусот се завршува во знак на Риби. Затоа се зборува дека Рибите се најмалку материјални од сите знаци, нив материјата најмалку ги интересира.

Рибите се големи креативци, уметници, луѓе со суптилна смисла, оние кои сакаат да бидат во изменета состојба на свест. Рибите сакаат вода- море, реки, езера, па на Рибите секогаш му се препорачува да живеат во близина на некоја вода.

Рибите се и знак на жртва и жртвување, бидејќи на Рибите туѓата добробит им е поважна од сопствената. Поради тоа на нив често се качат ‘енергетски вампири’. Нивните граници меѓу сопствениот свет и светот на другите луѓе се многу тенки и недефинирани па често собираат туѓи мисли и расположенија. Затоа им е важно на Рибите да бидат меѓу весели и оптимистични луѓе, бидејќи ако паѓаат под влијание, тогаш тоа влијание нека биде позитивно.

Рибите се многу чувствителни, емпатични и сензитивни, имаат силна интуиција. Расположението им е многу променливо, а во ист ден ги преплавува цел спектар на различни емоции и многу лесно може да бидат повредени. Често имаат проблем со депресијата, стравовите, а во екстремни случаеви и со лудило.

Често го гледаат светот со розеви наочари, а кога тие еднаш ќе се тргнат, ќе им се случат големи разочарувања. Рибите се маѓепсани па разочарани поради недостиг на чувство за реалност и објективно согледување на работите. Исто така, Рибите во негативен контекст можат да бидат лажливци и измамници, криминалци, бидејќи нивниот владател Нептун им дава илузии и лаги.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: