Овен
Следната седмица може да биде многу напорна и затоа добро подгответе се. Вашата самодоверба може да биде разнишана, што може да влијае на вашите комуникативни вештини. Мора да бидете многу претпазливи и не смеете да наседнувате на лажни ветувања. Ако сакате да постигнете се’ она што зацртавте, мора да внесете некои промени. Кога се во прашање финансиите ќе мора да бидете воздржани и внимателни.
Бик
Оваа седмица може да биде многу возбудлива и полна со чувства. Мора да се трудите повеќе да размислувате логички отколку да се водите со чувствата. Само упорност и напорна работа ќе ве одведат таму каде што сакате. Кога е во прашање вашата кариера тука може да ве прати среќа. Ќе бидете во прилика да искажете некои свои идеи и да донесете некои важни одлуки. Кога се во прашање вашите финансии мора да внимавате на вашите трошоци.
Близнаци
Во оваа седмица ќе се борите помеѓу логиката и емоциите, што ќе ви го отежне во донесувањето на одлуките. Ако успеете да ги контролирате своите емоции ќе можете без проблеми да донесете било која одлука која ви е важна. Во вашиот професионален живот, ова седмица ќе ви донесе среќа во вашите партнерства во комбинација со практичност која може да направи чуда на работно место. Бидете сепак внимателни.
Рак
Вашето расположение во оваа седмица ќе биде многу променливо што ќе ви ги отежене работите. Мора да ги контролирате своите емоции ако сакате да ги решите своите проблеми. Нека не ви сметаат чувствата во донесувањето на важни одлуки. На работа ве очекува поволна седмица. Ќе имате јасно и практично размислување кое ќе ви овозможи да донесете правилни одлуки. Ќе можете напорно да работите и да ги остварите своите најдобри интереси, така што ќе водите најдобри преговори. Не претерувајте во трошењето на пари.
Лав
Во оваа седмица ќе мора да бидете многу внимателни и не дозволувајте чувствата да преовладуваат. Сите оние Лавови кои многу се трудат и напорно работат ќе можат да бараат од своите надредени нивниот труд да биде награден. Не се воздржувајте да барате она што ви припаѓа. На работа, искористете ја услугата на планетите за да ги постигнете своите цели. Преговарајте, но оставете ја својата несигурност и песимизам настрана. Добро сте свесни за своите способности. Не ви требаат други луѓе кои ве поддржуваат. Што се однесува до финансиите, направете динамични потези кои ќе го зголемат приходот.
Девица
Девицата во оваа седмица ќе се води со логика и практичност што ќе и’ овозможи да ја унапреди својата кариера. Кон средината на неделата ќе станете комуникативни и урамнотежени. Подоцна во неделата ќе доживеете страст, мистика, сила, динамика и идеален завршеток на седмицата. На работа е погодна седмицата ако сакате да поставите некои цели и да одите кон нив со динамика и ентузијазам. Ќе можете да размислувате на рационален начин и да преговарате со спектакуларен исход. Чувајте се од лажни ветувања.
Вага
Оваа седмица ќе биде навистина многу добра и ќе ви донесе многу позитивни работи како во приватниот живот така и во кариерата. Не сакате да бидете сами, но не сте подготвени да се задоволите со било кој. Љубовта и нежноста ќе стане убава позадина за вашите интимни моменти. Страст и емоционален интензитет ќе дојде до врвот. Кога е во прашање вашата кариера во оваа седмица можете многу да постигнете, па се борите за свои идеи и најдобри интереси. Движете се стабилно, одлучно и ќе можете да барате она за што напорно работевте. Чувајте се од измама.
Шкорпија
Оваа седмица ќе донесе различно влијание на вашиот личен и професионален живот. Расположението ќе ви биде слатко и романтично и ќе чувствувате потреба да бидете блиски со својот партнер и да ги задоволите своите потреби за друштво. Во текот на викендот ќе доживеете силни емоции. Во вашиот професионален живот, ова ќе биде седмица на напорна работа, која на крајот ќе го награди вашиот труд. Погледнете одново на работите и ќе видите дека вашата соработка цвета. Успехот доаѓа.
Стрелец
Ова седмица ќе биде полна со интензивни чувства и активности. На работа, оваа седмица можете максимално да ја искористите динамиката и одлучноста за да ги промовирате своите планови и да дадете позитивен развој на својата кариера. Вие сте некој кој не се плаши од напорна работа за да се постигне она што се сака. Движете се директно и методично и ќе добиете одлични резултати. Во своите финансии, чувајте се од лажни ветувања, посебно на почетокот на седмицата.
Јарец
Оваа седмица ќе биде итересна, полна со интензивни моменти. Ќе имате прилика да донесете важни одлуки, да бидете блиски со саканите и да почувствувате љубов, нежност и интензивни емоции. Страста ќе ве заведе и ќе ве отфли од сите конзервативни идеи. Вашата интуиција ќе биде засилена, па ја користите да објасните ситуации. Страста ќе ве заведе и ќе ги отфли сите конзервативни идеи. Вашата интуиција ќе се засили, па користите да објасните ситуации кои не можат да се обработат со вашата логика. Викендот ќе биде идеален за излети и забава. Обидете се да ги контролирате сите несигурности кои можат да ве донесат до погрешни одлуки. Вашите финансии имаат потенцијал на раст, се додека се движите дисциплинирано и одговорно.
Водолија
Во оваа седмица ќе можете да поставите темели за некои важни планови, но мора да бидете динамични и одлучни. Ќе им се доблилижите на луѓето кои ги сакате, ќе поминете убави моменти со нив и ќе доживеете длабоки емоции кои ќе ви ги прошират видиците и ќе ви ја отворат вратата на алтернативната стварност. На работа искористете ја мудроста и логиката кои ви дава планетраната поставка. Носете ги своите одлуки врз основа на рационално размислување и контролирајте ги своите емоции. Можете да се движите страствено и динамично кон своите цели, па направете исто кога се во прашање вашите финансии.
Риби
Ова ќе биде многу интересна недела. Можете да се опкружите со луѓе, да воспоставите нови врски и да се забавувате бидејќи ќе бидете позитивно расположени. Во текот на викендот, вашите емоции се мотивирани со страст и богати, длабоки чувства. Седмицата која е пред вас ќе биде погодна за донесување на важни одлуки кои се во ваш интерес како на работа така и во приватниот живот.
Leave a Reply