Најпривлечната работа која ја поседува жената е самодовербата

Понекогаш во животот ќе ни се случат некои тешки ситуации кога мислиме дека повеќе немаме сила и дека е крај, но токму во тие ситуации во нас се раѓа сила која ниту знаеме дека ја имаме.

‘Жената е како кесичка за чај. Никогаш не знаеш колку е силна, се додека не заврши во врела вода’- Еленор Рузвелт

Жената сфаќа колку е јака дури кога ќе се најде во безизлезна ситуација.

1. ‘Не можеме да направиме големи работи, само мали работи со голема љубов’ -Мајка Тереза

2. ‘Не ми е гајле што мислиш за мене. Јас воопшто не размислувам за тебе’- Коко Шанел

3. ‘Мора да станеме мажи за кои сакавме да се омажиме’ – Глорија Стајнем

4. ‘Секоја жена која ги разбира проблемите на своето домаќинство ќе биде поблиска во разбирањето на проблемите на водење на една држава’- Маргарет Тачер

5. ‘Што и да прават жените, тие мора да работат дупло повеќе од мажите, за да ги сметаат половично инфериорни. За среќа, тоа не е многу тешко.’- Шарлот Вајтон

6. ‘Жена со глас е по дефиниција јака жена. Но потрагата за пронаоѓање на тој глас може да биде многу тешка’ – Мелина Гејтс

7. ‘Жените често се откажуваат од својата моќ бидејќи мислат дека ја немаат.’ – Алис Волкер

8. ‘Живееш само еднаш, но ако го направиш како треба, само еднаш е доволно.’- Ме Вест

9. ‘Не се плашете од она што знаете. Тоа може да биде ваша најголема сила и ќе ви осигура да работите поинаку од другите.’ -Сара Блакли

10. ‘Нашите избори покажуваат што сме навистина, многу повеќе од нашите способности.’ -Роулинг

11. ‘Ако не сакаш да бидеш черга, тогаш стани од подот’. – Ал Анон

12. ‘Многу луѓе се плашат да кажат што сакаат. Затоа и не добиваат она што сакаат.’- Мадона

13. ‘Ако сакате за нешто да се зборува, кажете му на мажот. Ако сакате нешто да се направи, кажете му на жената.’- Маргарет Тачер

14. ‘Најпривлечната работа која ја поседува жената е самодовербата.’- Бјонсе

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: