Од машки агол: Зошто жените се жалат дека нема нормални мажи?

Жените кои постојано зборуваат дека сите мажи се исти или дека нема нормални мажи, всушност ниту самите тие не сакаат нормален маж. Што е дефиниција за нормален маж?

Сигурен сум дека не постои една генерална дефиниција за сите. Секој човек има свој морал и морални кодекси, па според тоа, секој човек има свое видување за нормално. Она што е нормално на еден човек не е нужно нормално за друг.

Но, да се обидеме да составиме дефиниција за нормален маж кој жените го посакуваат. Тој треба да биде добар, вреден, верен, внимателен, подготвен да го издржува семејството и да му се посвети. Тоа е нормален маж. Многу жени кои веќе сретнале таков маж ќе признаат дека сепак не е тоа- тоа.

Или не им се допаѓа физички или не е финансиски обезбеден или нема посебна искра меѓу нив. Секогаш нешто ќе недостасува. Што значи дека на многу жени не им треба нормален маж, туку им треба оној кој го кројат по своја слика на ‘нормалност’.

Постојат жени кои едноставно се незадоволни покрај добар маж. Тој им е досаден, не е интересен и животот покрај него им е монотон. Повеќе им одговара мажот да ги игнорира, наредува, прави проблеми и сите други работи кои не се монотони.

На таква жена не и’ треба нормален маж, бидејќи нејзиниот праг на нормалност е далеку од прагот на поголем број на луѓе. Таа ќе толерира работи кои за некои луѓе не се нормални. Значи доаѓаме до заклучок дека не треба да барате нормални партнери.

Глупо е да се обвини цел машки род дека е ненормален, само затоа што никој не се вклопува во вашата нормалност. Наместо тоа зборувајте: ‘Не можам да најдам маж, бидејќи никој не одговара на моите стандарди’. Тоа повеќе се вклопува во реалната слика за тоа што сеуште сте сами.

Ако вие имате превисоки стандарди тоа не значи дека другите имаат многу ниски. Можеби е редно вие да ги спуштите.

Петар

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: