Човекот може да биде најдобар за сите, а најлош за своето семејство

Луѓето се менуваат врз основа на она како се научени да ги канализираат нивоата на својот стрес и нервоза. Кога луѓето стапуваат во брак сите се колнат на вечна љубов и верност. За жал, не можат сите таа заклетва да ја оддржат. Најчест проблем се создава кога човекот не може да ги одвои своите проблеми од брачниот живот. Таквиот човек почнува да биде бесен на луѓето кои најмногу ги сака.

Не наоѓа начин да ги извади својот стрес, туку го искажува во заедницата во која живее. Таквите луѓе најчесто се претвораат во нарциси и егоисти и всушност глумат прекрасни луѓе кон сите други, а најмалку кон оние кои најмногу го сакаат.

Ако не пронајдете начин да го канализирате својот стрес и проблеми вие набргу ќе бидете осамени. Никој нема да толерира луѓе кои на нив се дерат. А оние кои трпат, нема тоа да го прават бесконечно. Затоа е важно на време да се пронајде причината за проблемот и да се најде решение.

Посебно ако сте во заедница со човек кој не го гледа проблемот во себе. Од голема важност е да му објасните дека му е потребна помош. Никој не заслужува да трпи нервоза и стрес на друга личност. Посебно ако тоа се случува секојдневно.

Секоја здрава и стабилна заедница бара на неа да се работи и да се гради љубов и позитивни емоции. Штом во неа цути стрес и нетрпеливост тогаш се’ друго е климаво и нестабилно.

Ако сте иницијатор на секоја расправа во својата куќа важно е да бидете свесни за своето однесување.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: